ФК КУЛ генерација 2008 и 2009 одиграа пријателски средби со Милано

Висока победа за ФК КУЛ генерација 2011 и реми за 2010 на „контролките“ со ФК Милано
11/15/2020
Станковски со евро гол и Богданоски донесоа три бода за кадетите на Кул во дуелот со Лабуништа Тетово
11/15/2020

ФК КУЛ генерација 2008 и 2009 одиграа пријателски средби со Милано

Утрово на теренот „Локомотива“ , се одиграа средби помеѓу генерациите 2008 и 2009 на ФК КУЛ и тимот на ФК Милано од Куманово.

ФК КУЛ генерација 2009 на Арсовски Марко, одигра еден динамичен дуел со промени на водството кој на крајот заврши реми 3-3 (1-1). Првиот дел започна со наша теренска иницијатива, ние доминиравме во поле. Први поведовме преку Меланија Грозданова која одигра на високо ниво, таа стрелаше за 1-0. Ривалот пред крајот на овој период изедначи на 1-1, резултат со кој се замина на одмор. Ние покрај голот имавме прилики и преку Ивановски Матеј и Андреј Илиевски кои не завршија во мрежата.


Вториот дел започна со наше водство, за нас погоди Филип Дукоски со чии погодок поведовме со 2-1. Противникот со две контри успеа да направи целосен резултатски пресврт, најпрвин изедначи на 2-2, а потоа и поведе со 2-3. Нашиот тим тргна офанзивно со цел да дојде до поволен резултат. За реми 3-3 погоди Петар Симоновски, но за ремито заслужен е и нашиот голман Марко Кочков, тој на 15.секудни до крајот со фантастична одбрана го сочува својот гол.


ФК КУЛ генерација 2008, на Тодоровски беше поразен со резултат 1:8 (0:4) на контролката со тимот на Милано. Првиот дел започна со четири брзи гола на ривалот по контра напади по кои се одлепија на 0-4. Ние по ова заигравме подобро и се обидовме да се вратиме, имавме три шанси. Калин Лупевски, Леон Ангелевски и Ведран Арнаудов се заканија за нас, но не успеавме да погодиме. На нашиот гол Цветевски имаше одлични одбрани. На одмор заминавме со 1-4, за нас погоди Ведран Аранудов пред одморот.


Во вториот дел се обидовме да се вратиме, се трудевме, но едноставно не успававме да поентираме во голот на кумановчани. Нашиот ривал постигна уште четири гола во нашата мрежа и дојде до победа. Ние бевме поразени со резултат 1-8 на оваа контролна средба.