Висока победа за ФК КУЛ генерација 2011 и реми за 2010 на „контролките“ со ФК Милано

(Фотогалерија) Трет последователен триумф за помладите пионери на Кул
11/15/2020
ФК КУЛ генерација 2008 и 2009 одиграа пријателски средби со Милано
11/15/2020

Висока победа за ФК КУЛ генерација 2011 и реми за 2010 на „контролките“ со ФК Милано

ФК КУЛ генерација 2010 и 2011 одиграа контролни средби на теренот „Локомотива“ со тимот на ФК Милано од Куманово. На овие натпревари имавме една убедлива победа и едно реми.


ФК КУЛ генерација 2011 на Цветковски Александар денес доминираше на средбата со Милано. Нашиот тим победи со високи 7:0 на оваа средба, ние имавме целосна доминација и теренска супериорност.

Веќе по првиот дел обезбедивме одлична предност, за нас отвори Павел Зојчевски кој стрелаше за 1-0. Потоа со головите на Теодор Клампфер и Гавриловски ние отидовме на високи 3-0. Противникот се закани два пати, но на нашиот гол одличен беше Ангел Крстевски. Конечните 4-0 за ова полувреме ги постигна Филип Чангов, пред крајот на овој период.


Во вториот дел го задржавме истиот ритам на оваа средба, ние напаѓавме со цел да го зголемиме водството. На сцена стапи Павел Зојчевски, тој најпрвин стрелаше за 5-0, а потоа и за високи 6-0. По одлична одбрана пред нашиот гол, Тамара Атанасовска исфли во поле се разви контра, истата во гол ја претвори Стефан Стојановски. Неговиот погодок за 7-0 се покажа како последен на оваа средба.


ФК КУЛ генерација 2010 одигра одличен дуел кој заврши со реми, средбата со кумановчани се оконча со резултат 1-1. Момците на Владимир Маџароски прикажаа одлична фудбалска престава.


Првиот дел започна со наша инцијатива, прва прилика на самиот почеток со глава имаше Јаков Огнен. Потоа се обиде и Ангелевски, сепак не успеавме да погодиме во првиот дел. Казната стигна на 2.минути до крајот, противникот имаше слободен удар, топката мина над ѕидот и заврши во голот на Крстевски Младен кој имаше денес добар меч. На одмор заминавме со негатива 0-1.


Вториот дел беше исто така богат со шанси за нас, имавме дузина прилики. Три пати Ангелевски Јован имаше шанси, тој погоди две стативи и еднаш голманот успеа да скроти. По една шанса имаа Никола Јовановски и Артан Ламаљари. Голот за реми го постигна Огнен Јаков, со неговиот погодок оваа средба заврши со резултатска симетрија, 1-1.