Никола Карчев е ново име во стручниот тим на ФК КУЛ

(ВИДЕО) Прослава 10.години, ФК КУЛ
01/21/2021
Никола Родиќ: ФК КУЛ е клуб во голем подем и со начинот на кој функционира и расте, сигурен сум дека ќе стане еден од најголемите расадници на млади фудбалери во државата
01/30/2021

Никола Карчев е ново име во стручниот тим на ФК КУЛ

Велиме добредојде за Никола Карчев, кој во иднина ќе биде дел од стручниот тим на нашиот фудбалски клуб. Задоволство е да го претставиме новото име во ФК Кул.

Се работи за тренер кој имал богата играчка кариера настапувајќи за неколку клубови, како во Македонија, така и надвор од земјава. Во својата кариера има настапувано за екипите на Работнички, Вардар, Пелистер и Тетекс, но исто така и меѓународно искуство како играч на Елбасан ( Албанија), Терек Грозни (Русија), Шангај (Кина), Металац (Србија), како и Јангон (Мјанмар). Дел од својот фудбалски живот има поминато и во младинските категории на ФК Партизан од Србија.

Како играч Карчев, има освоено и две шампионски титули со екипата на Работнички, како и два Куп трофеи, по еден со тимовите на Пелистер и Тетекс.

Што се однесува до тренерската кариера, Никола бил дел од клупата на Тетекс, Локомотива и Македонија Ѓ.П каде има работено со младинските категории на овој клуб.

Никола Карчев ќе ја предводи генерацијата 2007 на ФК Кул. Нашиот клуб му посакува добредојде на новиот тренер, се надеваме на долга соработка и заеднички успеси.