ЖФК КУЛ со Крстовска Тања на клупата, помошникот во А-селекцијата и поранешната мак.репрезентативка

Табели во младинските лиги после комплетирање на 13.коло
04/21/2021
(ВИДЕА) Пионерските дуели на Кул против: ФК Скопје, Струга и Тиквеш
04/28/2021

ЖФК КУЛ со Крстовска Тања на клупата, помошникот во А-селекцијата и поранешната мак.репрезентативка

ФК КУЛ е фудбалска школа која создава иднина за македонскиот клупски и репрезентативен фудбал. Вложуваме многу во нашите надежи: време, енергија,  љубов и посветеност. Покрај машките селекции каде имаме огромен број на деца,  како што веќе претходно информиравеме ние формиравме и женска екипа, ЖФК КУЛ. Тим од дваесетина талентирани девојки со кој работиме со посебен ентузијазам, енергија, желба  и посветеност.

Веќе два месеци предводник  на истиот е Тања Крстовска, поранешна македонска репрезентативка и член на стручниот штаб на женската А-селекција во моменталниот состав. Таа имаше богата фудбалска кариера во земјава каде одигра деценија и пол во македонскиот клупски фудбал. Беше дел од екипите на: Балкан, Ломбардини, Шкипоњат, Оризари Кочани, Тиквешанка, Наше Такси, Единство, а кариерата ја заврши во ЖФК Кочани каде прв пат ги започна и своите чекори во „тренерските води“.

Зад себе има дузина пехари во првенството и Купот на Република Македонија во женски фудбал. Беше и мак.репрезентативка, ги носеше дресовите на младинската У-19 селекција и А-селекцијата на Република Македонија во својата кариера.

Моментално е дел од стручниот штаб, односно е помошник во најдобрата, женската А-селекција на  земјава каде работи со сениорските репрезентативки на Македонија.

 

Крстовска го пренесува  своето богато фудбалско искуство на нашите девојки кои напредуваат од ден во ден под нејзино менторство. Работи вредно со нашите дами кај кој се гледа перманентет напредок како одминува времето.