Генерациите 2003 и 2006 одиграа контролни натпревари со екипата на Македонија Ѓ.П

(Фотогалерија) Кул генерација 2010 ја нагости Форца
05/16/2021
(Фотогалерија) ФК КУЛ-Вардар генерација 2007
05/17/2021

Генерациите 2003 и 2006 одиграа контролни натпревари со екипата на Македонија Ѓ.П

Генерациите 2003 и 2006 на Кул одиграа пријателски натревари против екипата на Македонија Ѓ.П на гостински терен.

Генерацијата 2006 под водство на Саше Божиноски минимално со резултат 2:3 го загуби натпреварот од домашниот тим. Прикажавме добра игра, но сепак на крајот бевме пократки за еден погодок. Двата гола за нас беа дело на еден ист играч, се работи за Олег Трифуновски

ФК КУЛ: Христијан Рајевски, Јован Михов, Дамјан Спасовски, Александар Спасевски, Петар Трпевски, Стефан Душкоски, Олег Трифуновски, Матеј Стојановски, Антони Динов, Јован Бошњаков и Олег Михајловски.

Шанса да играат добија уште и Петар Лазовски, Симона Меијер, Марко Костовски, Мики Илиев, Александар Василев и Никола Јовановски.

Одличен резултат против тимот од Супер лигата, остварија нашите кадети кои одиграа со нерешен резултат 1:1. Во одлично светло се преставија момците на Един Нурединоски кои и покрај почетната негатива успеаа да го израмнат резултатот во вториот дел со голот на Бодан Тодоровски.

ФК КУЛ: Лука Миленковиќ, Марјан Здравевски, Бојан Ристески, Дамјан Ивановски, Филип Јаневски Дамјан Ивановски, Стефан Здравески, Томи Станковски, Ангел Петрушевски, Леонид Стојчевски и Марко Ѓоргиевски.

Во игра влегоа и Мартин Цветковски, Лука Алексоски, Бодан Тодоровски и Иво Насевски.