Без победник на пријателскиот натревар на Кул и Парк, кај генерација 2008

Со играч помалку, младинците на Кул освоија бод на гостувањето кај Работнички
10/23/2021
Со пораз помладите пионери ја стартуваа дебитантската сезона во Супер Лигата
10/24/2021

Без победник на пријателскиот натревар на Кул и Парк, кај генерација 2008

Вечерва на теренот во градски парк пријателски натпревар против екипата на ФК Парк одигра нашата генерација 2008 предводена од Горан Тодоровски. Иако создадовме неколку добри шанси да го загрозиме противничкиот гол, сепак на крајот овој натпревар заврши без голови 0:0

Во првиот дел од натпреварот како најсериозна шанса ќе ја издвоиме онаа на Андреј Николовски кој немаше среќа кога ја погоди стативата од голот на ФК Парк. Имавме свои шанси и во вториот дел од натпреварот, во голема прилика се најде и Дариан Цветковски, но одлично одбрани голманот на Парк кој беше најзаслужен што неговиот тим успеа да остане непоразен. Во последните десет минути од натпреварот во две прилики се најде и Арти Азизи, но немаше промена на резултатот.

КУЛ: Андреј Јованов, Душан Јовановски, Михаил Алексов, Филип Димковски, Стефан Марковски, Марко Ристовски, Арти Азизи, Андреј Николовски, Калин Лупевски, Теодор Велковски и Трајче Талевски.

Во игра во второто полувреме влегоа и Ангел Цветевски, Драган Лазаров, Лука Аврамовски, Дариан Цветковски, Даниел Николовски и Марко Пешевски.