Без бодови за генерација 2006 и на третиот првенствен натпревар

(Фотогалерија) Кул и Њу Старс ги поделија бодовите на натпревар од младинската Супер лига
11/07/2021
Прва победа сезонава за пионерите
11/07/2021

Без бодови за генерација 2006 и на третиот првенствен натпревар

Помладите пионери не успеаа да освојат бодови, ниту на третиот првенствен натпревар сезонава. Генерацијата 2006 денес на Цементарница беше поразена од екипата на Њу Старс.

Тренерот Карчев стартуваше со следниве 11-сетмина: Андреј Јованов, Илхан Имеров, Петар Лазовски, Александар Спасовски, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Омар Беровиќ, Јован Бошнаков, Фисник Љамалари, Гаврил Петаноски-Стојанов и Олег Трифуновски.

По првите 45 минути резултатот беше израмнет 1:1. Првата прилика на натпреварот ја имаше гостинската екипа, после нафрлена топка од корнер се создаде прилика за гостинската екипа, но на нашиот гол одбрани Јованов. Ние први се заканивме преку капитенот Трпевски кој се обиде од слободен удар, но на место беше голманот на Њу Старс. Сепак, во следната наша акција успеваме да го отвориме резултатот. Се играше акција на нашиот тим кога Љамалари асистираше до Петар Трпевски кој откосо од десната страна, биеше силно и прецизно во долниот десен голмански агол за наше водство од 1:0, навистина убав гол за нашиот капитен. Противникот можеше брзо да ја анулира негативата, откако еден од нивните играчи се обиде од голема далечина од прекин да го изненади нашиот голман, за наша среќа топката ја погоди стативата.

Избраниците на Карчев пропуштија голема шанса за зголемување на водството. Откако еден од дефанзивните играчи на Њу Старс играше со рака во нивниот шеснаесетник, главниот судија оправдано покажа на белата точка. Одговорноста за изведување на ударот од 11 метри ја превзема Матеј Стојановски, кој бие слабо на десната голманска страна, чуварот на мрежата на Њу Старс го чита неговиот удар, за жал нема погодок. Противникот не казни за промашениот пенал, се играа последните три минути од првиот дел кога после една мешаница, после центар шут од корнер, најпрво гостинската екипа ја погоди пречката од нашиот гол, за одбиената топка повторно да стигне до нив, да ја погододат нашата мрежа за израмнување на 1:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во првиот дел направивме принудна измена, на местото на Трифуновски во игра го видовме Нури Абдурамани.

Целосен пад на нашата игра во второто полувреме, што доведе до тоа да примиме три лесни погодоци. Њу Старс успеа да направи резултатски пресврт и да поведе со 1:2, после една акција која започна од средината на теренот, завршниот удар беше од некаде 18 метри. Следните два гола на Њу Старс беа речиси идентични, со акции од левата страна. Головите беа постигнати во 52, 67 и 75 минута од натпреварот. Ние речиси и да не се заканивме во вториот дел од натпреварот, иако беа направени неколку измени, тоа не донесе позитивен резултат за нас. Конечниот резултат гласеше 1:4. Генерацијата 2006 и трет натпревар сезонава останува без бодови.

Играа уште и Александар Василев, Дамјан Спасовски, Стојанче Камчев, Газменд Љамалари, Михаил Крстевски, Нури Абдурамани и Никола Јовановски.