Кул против Пелистер, во вонредното 7.коло

Се одигра 6.коло во младинските лиги
11/29/2021
(Фотогалерија) Пријателски натпревари за генерациите 2007 и 2008
11/30/2021

Кул против Пелистер, во вонредното 7.коло

Во вторник и среда, нашиот клуб ќе го одигра вонредното 7.коло во младинските лиги. Наш противник ќе биде екипата на Пелистер.

Во вторник (30.11), кадетите и  младинците патуваат за Битола, каде ќе гостуваат на Пелистер. Натпреварите ќе започнат од 11:00 и 13:00 часот на Градскиот стадион „Под Тумбе Кафе“

Нашите пионерски екипи во среда (01.12) на Цементарница ќе ја пречекаат екипата на Пелистер, во истите саатници.

Највисоко котираа пионерите на Пелистер кои на 5 одиграни натпревари имаат освоено 13 бодови, кадетите и младинците собраа по идентични 9 бодови, додека помладите пионери освоија 6 бодови.