ЖФК КУЛ со пресврт дојде до гостинска победа на сениорски натпревар

Продолжува победничката серија на пионерите, втор триумф сезонава на натпреварите со Македонија Ѓ.П
04/02/2022
(Фотогалерија) ФК КУЛ гостуваше кај Вардар со генерациите 2007 и 2008 во регионалната лига
04/03/2022

ЖФК КУЛ со пресврт дојде до гостинска победа на сениорски натпревар

Денес во рамките на 10.коло од сениорската лига, ЖФК КУЛ гостуваше кај екипата на ЖФК Џи-Џи. На натпреварот во Пржино девојките на Митревска Тања дојдоа до победа по пресврт со резултат 1-3 (1-0).

ЖФК Кул започна со овој состав: Комненова Ведрана,  Крстеска Елена,  Крстева Кристина,  Емини Канита,  Стефаноска Сара,  Стефаноска Симона,  Здравевска Ива,  Величкова Дева,  Митревска Тања,  Станкова Марта и Додевска Михаела (К)

Во првиот дел двата тима прикажаа добра игра, видовме само еден погодок во овој период. Домаќинот рано, веќе во 13.минута успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1-0 на овој второлигашки првенствен натпревар. Со тој гол и се замина на пауза помеѓу двата периода од овој натпревар.

Во вториот дел атакувавме на изедначување на резултатот, по 15.минути игра успеавме да дојдеме до резултатска симетрија. Преку Крстева Кристина во 60.минута нашите девојки дојдоа до изедначување 1-1. По овој погодок нашите дами атакуваа на целосен пресврт на резултатот и во тоа успеавме преку една мотивирана девојка. На сцена стапи Здравеска Ива која во  84.минута донесе голема радост со голот за предност со 1-2. Само три минути потоа во  87.минута го „круниса“ пресвртот со уште еден погодок, овој пат за водство со 1-3. Со овој резултат дојдовме до нови три бода во лигата.
Во игра во на овој натпревар влезе   од купата Милошевска Симона на местото на Емини Канита.