Продолжува победничката серија на пионерите, втор триумф сезонава на натпреварите со Македонија Ѓ.П

Ризвановиќ ја реши Македонија Ѓ.П, помладите пионери се вратија на победите
04/02/2022
ЖФК КУЛ со пресврт дојде до гостинска победа на сениорски натпревар
04/02/2022

Продолжува победничката серија на пионерите, втор триумф сезонава на натпреварите со Македонија Ѓ.П

Пионерите на Кул забележаа победа на натпревар од 17.коло. Денес на Цементарница момците на Нацев беа подобри од екипата на Македонија Ѓ.П.Конечниот резултат гласеше 2:0 (1:0).

Тренерот Нацев започна со следниве 11-сетмина: Јордан Јосифов, Томислав Богдановски, Осман Фејзула, Адис Зекири, Лулзим Амети, Борјан Наков, Даниел Васиќ, Белмин Цамиќ, Бојан Нацев, Матеј Цветановски (К), Стефан Филиповски. 

По истекот на првите 45 минути нашиот состав беше во предност од 1:0. Првиот директен удар на натпреварот го имаше екипата на Македонија Ѓ.П, се играше акција од десната страна, упатен центар шут во нашиот шеснаесетник, еден од играчите на Ѓорче беше највисок во скокот биеше со глава, но само над нашиот гол. Се заканивме и ние преку Борјан Наков, кој доби топка од Цамиќ, биеше Наковкрај голот. Гледавме цврст натпревар, на кој и двете екипи беа претпазливи. Нашиот голман, Јордан Јосифов имаше една интервенција, додека најголемата прилика пред да го отвориме резултатот ја имаше Белмин Цамиќ кој од пет метри биеше со глава, после центар шут од десната страна на Васиќ, но гостинскиот голман со рефлексна реакција спаси негатива за својата екипа.

Сепак, успеавме да поведеме со голот на Адис Зекири, откако Амети најпрво биеше, топката стигна до Зекири кој бише прецизно за водство од 1:0. До крајот на првото полувреме за одбележување е обидот на Васиќ од прекин, кој заврши крај голот, После 45 минути игра имавме минимална предност на овој натпревар од Пионерската Супер лига.

Во првата посериозна шанса во второто полувреме успеваме да го зголемиме резултатот на 2:0. Се играше 53.минута од натпреварот кога денес борбениот Наков нафрли топка од левата страна, голманот на Македонија Ѓ.П имаше погрешна реакција на топката, тоа го искористи Адис Зекири кој со глава ја смести топката во мрежата на гостинската екипа.

После вториот погодок, се закани екипата на Ѓорче, но нивниот удар оди крај голот. Борјан Наков имаше прилика со глава после центар шут од десната страна на Цветановски, но гостинскиот голман успешно одбрани. Шанса имаше и Осман Фејзула, после нафрлена топка од корнер, но без реализација, додека последниот обид го имавме преку капитенот Цветановски кој биеше од прекин, но одбрани со крајни сили гостинскиот голман. На крајот конечни 2:0 за нашите пионери.

Со овој триумф ја продолжуваме борбата за второто место во Лигата. Ова е вкупно 11.триумф сезонава за оваа екипа. На денешниот натпревар во игра влегоа уште и Давид Димитриевски, Дамјан Љубомировски, Владимир Стефановиќ, Мохамед Ахмедов, Петар Станковски и Павел Панов.