ЖФК КУЛ останува лидер во Втората Лига, нашите девојки се блиску до пласман во најсилната елита

Минимални порази за кадетите и младинците на гостинските натпревари против Пелистер
05/10/2022
Натпревари од 23.коло, наш противник е екипата на Ренова
05/12/2022

ЖФК КУЛ останува лидер во Втората Лига, нашите девојки се блиску до пласман во најсилната елита

Женската екипа на Кул останува лидер во втората лига и е блиску до пласман во најсилната прва женска фудбалска лига. Изминатиов викенд , нашите девојки беа подобри од екипата на Билјанини Извори и на тој начин ја продолжија победничката серија. До триумф дојде и екипата на ЖФК Кочани, додека Плачковица загуби на гостувањето кај ЖФК Џи-Џи и на тој начин го отежна патот кон првата лига, каде ќе се пласираат екипите кои ќе завршат на првите две места.