Гостување без бодови за кадетите и младинците во Битола

Нова убедлива победа за помладите „петлиња“ на Кул, избраниците на Арсовски беа подобри од Партизан Фудбал Кидс
10/15/2022
КУЛ генерација 2008 убедлив против Партизан Фудбал Кидс, четири гола за Муртиќ
10/15/2022

Гостување без бодови за кадетите и младинците во Битола

 

Денес, ФК КУЛ со кадетската и младинската екипа гостуваше во Битола во рамки на 5.рунда од суперлигашката конкуренција.

Кадетите на гостувањето кај екипата на Пелистер во ова 5.коло од Супер лигата беа поразени со резултат 2-0 (1-0).

КУЛ: Јосифов Јордан, Теновски Кристијан,  Стефановиќ Владимир,  Фејзула Осман, Цамиќ Белмин,  Ахмедов Мохамед, Наков Борјан, Васиќ Даниел,  Цветановски Матеј (К), Филиповски Стефан и Блажески Александар.

 

 

Тргнавме офанзивно ние бевме тимот кој имаше инцијатива, прва прилика за погодок пропуштивме преку Ахмедов Мохамед. Следеа две прилики кои не ги искористија двајца наши момци, станува збор за  Наков Борјан и  Цамиќ Белмин. Домаќинот во финишот на првиот дел тргна во офанзива погоди пречка, потоа доби пенал во 40.минита. Успешно стрелаа и со предност од 1-0 заминаа на одмор.

Во вториот дел исто така како и во првиот прва шанса имаше Ахмедов Мохамед, чии удар не донесе резултатска симетрија.  По две-три одлични нафрлања од страна на Филиповски Стефан имавме прилики кои не ги погодивме. Стигна казна противникот во 79.минута зголеми на 2-0, кој се покажа како конечен бидејќи на нашиот гол  Јосифов Јордан до крајот одбрани два удара.

 

Играа уште:  Беровиќ Омар и Трпевски Петар.

 

Младинците беа поразани идентично со резултат 2-0 (1-0) на гостувањето во Битола.

Кул: Цветковски Мартин, Зафироски Виктор (К) ,  Мицевски Марко, Ѓорѓиев Стефан, Стојанов Филип, Методиевски Дарио,  Попов Горазд, Фејзула Мухамедин,  Дончевски Милан и  Љубомировски Дамјан.

Најпрвин се закани домаќинот на нашиот гол одбрани Цветковски Мартин. Ние имавме прилика преку Фејзула Мухамедин, неговиот обид го одбрани голманот на ривалот. Истиот играч погоди потоа, сепак судијата досуди недозволена ситуација. Во финишот на првиот дел, во 43.минута домаќинот погоди за 1-0 резултат со кој се замина на одмор.

Вториот дел започна како првиот, најпрвин со одбрана на Цветковски Мартин, а потоа ние имавме прилика преку Фејзула Мухамедин, која не донесе реми. Домаќинот успеа да погоди за 2-0, ние до крајот се заканивме од слободен удар преку Методиевски Дарио.

 

Играа уште: Миноски Леонид ,  Миланоски Илче и Митревски Јован.