КУЛ генерација 2008 убедлив против Партизан Фудбал Кидс, четири гола за Муртиќ

Гостување без бодови за кадетите и младинците во Битола
10/15/2022
Помладите пионери без бодови од дуелот со Пелистер
10/16/2022

КУЛ генерација 2008 убедлив против Партизан Фудбал Кидс, четири гола за Муртиќ

Генерацијата 2008 стигна до втора последователна победа на домашен терен во Регионалната Скопска Лига за   повозрасни „петлиња“. Нашите млади надежи предводени од Горан Тодоровски на Цементарница со резултат 7-1 (4-0) беа подобри од екипата на Партизан Фудбал Кидс.

Кул: Цветевски Ангел, Лазаров Дарган, Алексов Михаил,  Ангелески Леон, Николовски Андреј,  Велковски Теодор,  Демир Аган,  Талевски Трајче,  Арнаудов Ведран,  Димковски Филип и  Муртиќ Тарик.

Прва прилика на оваа средба ја имавме ние, тргнавме офанзивно за нас шанса имаше Алексов Михаил.  Одлична асистенција упати Демир Аган до Муртиќ Тарик кој во 5.минута погоди за предност од 1-0 за нашиот тим.  Стрелецот на првиот гол Муртиќ и во 10.минута успеа да погоди, одлична асистенција овој пат доби од Талевски Трајче, умешно стрелајќи за удвојување на предноста на 2-0.

Асистентот на првиот погодок, Демир Аган, имаше прилика за гол, сепак еден од противничките играчи успеа да ја исфрли топката од гол-линијата. Ние напаѓавме постојано, капитенот Николовски Андреј ја „затресе’ гредата со силен удар. До крајот на првиот дел, Муртиќ Тарик успеа да погоди уште два пати. Најпрвин во 17.минута стрелаше за 3-0, а во 22.минута ги постави конечните 4-0 за првиот период на овој дуел.

Вториот дел на оваа средба од 3.коло во регионалното натпреварување донесе исто така како и првиот дел четири погодока, три беа во мрежата на гостите од скопската населба Драчево и само еден во нашата. За нас трите гола ги постигнаа двајца момци, Велковски Теодор погоди за 5-0 во  41.минута, а стрелаше и во  65.минута на оваа средба.  Демир Аган  својот погодок го постигна во 49.минута, едниствениот гол на гостинот на денешното гостување беше во 61.минута.

Играа уште: Белевски Илија,  Гоџо Мартин, Аврамовски Лука  и  Кузманов Андреј.