Повозрасните петлиња со доминантна победа против Грозданоски

Убедлива победа за генерација 2009 на натпревар од Регионалната Скопска Лига против екипата на Грозданоски
03/18/2023
Поделба на бодовите за пионерите на Кул и Шкупи, минимален пораз за помладите пионери
03/18/2023

Повозрасните петлиња со доминантна победа против Грозданоски

Повозрасните петлиња на Кул денес на Цементарница славеа висока победа, на натпревар во Регионалната Скопска Лига. Нашите млади надежи со убедливи 7:0 (3:0) беа подобри од екипата на Грозданоски.

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангел Цветевски, Драган Лазаров, Мартин Гоџо, Михаил Алексов, Андреј Николовски (К), Теодор Велковски, Аган Демир, Трајче Талевски, Ведран Арнаудов, Филип Димковски и Тарик Муртиќ.

Уште на полувреме беа решени голем број од дилемите околу конечниот победник, со оглед дека имавме предност од високи 3:0. Пред д аго отвориме резултатот имавме прилика преку Теодор Велковски и Ведран Арнаудов, но одбрани голманот на Грозданоски. Прашање на време беше кога ќе успееме да го отвориме резултатот, тоа се случи во 18.минута кога после една одлична акција, Тарик Муртиќ успеа да донесе предност од 1:0, на асистенција од Велковски.

Во продолжение од натпреварот, Андреј Николовски имаше три директни обиди кон противничкиот гол, од кои еден ја погоди пречката. В0 31.минута со еден среќен погодок на Ведран Арнадуов поведовме со 2:0, додека во 33 минута, капитенот Андреј Николовски ни донесе предност од 3:0, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Во второто полувреме успеавме да постигнеме уште четири голови во мрежата на Грозданоски. Со првиот гол денес на Трајче Талевски во 46.минута успеавме да го зголемиме резултатот на 4:0. Игравме со константен притисок на половината на противникот, а во 49.минута втор гол постигна денес одличниот Андреј Николовски за предност од 5:0. До крајот на натпреварот во листата на стрелци се запишаа уште и Андреј Кузманов (57) и Теодор Велковски (70), за конечни 7:0.

Играа уште и Илија Белевски, Марио Ефтимовски, Лука Аврамовски и Петар Николовски.