Ѓорѓиев Стефан донесе реми за младинците на натпреварот со Шкупи

“Пролетна офанзива” на кадетите, со нова победа избија на 2.позиција на табелата, падна и Шкупи
03/19/2023
Преглед на резултатите од 14.коло во младинските лиги
03/20/2023

Ѓорѓиев Стефан донесе реми за младинците на натпреварот со Шкупи

 

Денес на  стадиионот „Цементарница“, младинците на ФК КУЛ беа домаќини на тимот на Шкупи. Нашите момци одиграа реми на оваа средба, резултатот на крајот беше 1-1 (0-0).

 

КУЛ: Цветковски Мартин, Зафироски Виктор, Мицевски Марко, Ѓорѓиев Стефан ,  Митревски Јован (К ) Стојановски Стефан, Методиевски Дарио, Манасиевски Горјан, Попов Горазд ,  Стојанов Филип и  Блажески Александар.

Младинскиот дуел беше доста цврт без големи прилики на двете страни во првиот дел. Се играше борбено помеѓу двата казнени простора. Најпрвин се заканивме преку Манасиевски Горјан, потоа ривалот имаше удар крај голот на Цветковски Мартин. До крајот имаше само по една шанса, за нас од дистанца упати удар  Методиевски Дарио чии шут го сопре голманот на ФК Шкупи. Противникот на две минути до крајот имаше слобен удар на 16-17.метра, топката мина над гредата па на одмор се замина со почетниот резултат  0-0.

Вториот дел на „Цементарница“ започна со блага теренска инцијатива на нашиот тим, имавме повеќе од играта и поседот на топката на почетокот на овој период. Прва прилика за нас имаше Митревски Јован, неговиот шут голманот на гостинот го одбрани. Потоа се обиде и   Попов Горазд, чии удар не донесе предност. Противникот искористи една конфузија во нашата одбрана и успеа да погоди за предност од 0-1.

 

Атакуавме по овој момент на изедначување на резултатот, во 73.минута топката дојде по еден прекин од десната страна до нашиот одбранбен играч Ѓорѓиев Стефан, кој во манир на врвен стрелец погоди за изедначување на 1-1, резултат кој се покажа подоцна како конечен на дуелот.

Кај нашиот младински тим  во игра во вториот дел влезе од клупата Фејзула Мухамедин.