Кадетите станаа Шампиони на Македонија, серијата од девет последователни победи беше „клучна“ за освојување на трофејот

Пионерите завршија на средина на табелата во лигата, Камчев беше најдобар стрелец
06/13/2023
Генерацијата 2012 ќе се натпреварува на турнирот “Еден На Еден – Могила Куп”
06/16/2023

Кадетите станаа Шампиони на Македонија, серијата од девет последователни победи беше „клучна“ за освојување на трофејот

Кадетите на Кул станаа Шампиони на Македонија во натпреварувачката сезона 2022/23. Оваа екипа испиша историја за клубот, освојувајќи го првиот трофеј што се однесува до натпреварувањето во најсилната Супер Лига. Нашите кадети и Академија Пандев освоија идентични 44 бодови, но поради подобриот меѓусебен дуел, на крајот ние се радувавме на првото место и освојување на шампионската титула. Избраниците на Драган Стефановски-Гаге на 22 одиграни натпревари остварија 13 победи, 5 нерешени резултати и 4 порази. Можеме да се пофалиме дека ја имавме и најдобрата одбрана во лигата, со само 22 примени голови, како и четвртиот најдобар напад со постигнати 40 голови. Серијата од девет последователни победи од 8-16 коло беа решавачки да го смениме текот на првенството и на крајот да го освоиме трофејот.

Сите постигнати резултати на нашите кадети во шампионската сезона:

1.коло: Вардар – Кул  4:2

2 коло: Кул – Македонија Ѓ.П  1:1

3 коло: Шкупи – Кул  0:0

4 коло: Кул – Академија Пандев  0:0

5 коло: Пелистер – Кул  2:0

6 коло: Кул – Победа  1:1

7 коло: Брегалница – Кул  1:1

8 коло: Охрид – Кул  0:5

9 коло: Кул – Милано  5:1

10 коло: Шкендија – Кул  0:1

11 коло: Кул – Работнички  3:1

12 коло: Кул – Вардар  4:2

13 коло: Македонија Ѓ.П – Кул  1:2

14 коло: Кул – Шкупи  1:0

15 коло: Академија Пандев – Кул  1:2

16 коло: Кул – Пелистер  2:0

17 коло: Победа – Кул  3:1

18 коло: Кул – Брегалница  1:0

19 коло: Кул – Охрид  4:2

20 коло: Милано – Кул  0:1

21 коло: Кул – Шкендија  3:1

22 коло: Работнички – Кул  1:0

Борјан Наков е наш најдобар стрелец сезонава со 14 постигнати голови, воедно беше и трет најдобар голгетер во кадетската Супер Лига. Листа на стрелци за кадетите во лигата:

  1. Борјан Наков  -14
  2. Белмин Цамиќ  -6
  3. Даниел Васиќ   -4
  4. Давид Голубов, Осман Фејзула и Матеј Цветановски  -3
  5. Владимир Стефановиќ и Стефан Филиповски  -2
  6. Александар Блажевски, Дамјан Љубомировски и Кристија Теновски -1

Во Купот стигнавме до најдобрите осум екипи, каде во 1/4 финалето загубивме на гостувањето кај Вардар со резултат 3:0. Претходно во 1/8 финалето на Алумина со резултат 1:4 го елиминиравме тимот на Работнички.

Уште еднаш, одлична сезона за генерацијата 2005, која после освојување на Купот во 2019 година, успеа сезонава да стане и Шампион на Македонија во лигата.