Утре, стартува шесттото издание на младинскиот меѓународен турнир „КУЛ КУП 2023“

Павел Зојчевски: Мојата цел е да станам професионален фудбалер, со мојата екипа ќе дадеме максимум на „КУЛ КУП“
08/30/2023
Нашите екипи ги одиграа првите натпревари на „КУЛ КУП 2023“
09/08/2023

Утре, стартува шесттото издание на младинскиот меѓународен турнир „КУЛ КУП 2023“

После пауза од три години поради пандемијата со корона вирусот, на фудбалска сцена се враќа сигурно еден од најсилните младински меѓународни турнири во нашата земја „КУЛ КУП 2023“ со своето 6.издание.

Во периодот од 8-10.септември на стадионот „Цементарница“ ќе се натпреваруваат 80.екипи кои ќе се борат за еден од медалите, во генерациите 2011/12/13/14/15. Покрај најсилните екипи од Македонија на „Кул Куп“ доаѓаат екипи од Србија, Косово, Бугарија, Унгарија и Романија.

Во секоја возрасна генерација ќе се натпреваруваат 16 екипи, кои ќе бидат поделени во 4 групи. Најдобрите две екипи од секоја група ќе го продолжат настапот на турнирот, со пласман во четвртфиналето.

Во петок и сабота не очекуваат вкупно 60 натпревари, а во недела е завршниот ден на турнирот кога ќе бидат познати и победниците во сите категории.

Ни останува само да уживавме во играта на околу 1.000 млади фудбалери кои ќе истрчаат на Цементарница, а за сите љубители на фудбалот и спортот во Македонија, влезот на нашиот стадион ќе биде бесплатен.

Најава за „КУЛ КУП 2023“ можете да погледнете на линкот, ТУКА  и ТУКА

Во продолжение можете да го погледнете распоредот на одигрување натпревари за првите два дена на турнирот.