Павел Зојчевски: Мојата цел е да станам професионален фудбалер, со мојата екипа ќе дадеме максимум на „КУЛ КУП“

Леон Дончевски: Се надевам дека ќе постигнеме успех на „КУЛ КУП“, мојата цел е да настапувам за националната репрезентација
08/16/2023
Утре, стартува шесттото издание на младинскиот меѓународен турнир „КУЛ КУП 2023“
09/07/2023

Павел Зојчевски: Мојата цел е да станам професионален фудбалер, со мојата екипа ќе дадеме максимум на „КУЛ КУП“

Следново наше интервју е со Павел Зојчевски кој е дел од генерацијата 2011, уште еден во низата квалитетни и надежни играчи на нашиот клуб.

1. На колку години беа првите фудбалски почетоци и од каде произлезе желбата за да тренирате фудбал ?

-Првите фудбалски почетоци се случија на 5 годишна возраст во фудбалската школа Фамос. Мојот идол Лука Модриќ ме поттикна да почнам да играм фудбал , најпрвин со другарите во нашето маало , а потоа да почнам со тренинзи, за потоа да продолжам во Фудбалскиот клуб КУЛ.

2. Може ли да ни издвоите најдрага победа или трофеј кој го имате освоено со вашата генерација ?

-Најдрага победа ми е таа против ФК Форца во 2019 година во Детската Лига со резултат од 10:1 , а најдраг трофеј на годинешниот турнир „Некст Левел“ во Охрид каде освоивме прво место и златен медал.

3. На која позиција се гледате, на голем фудбалски терен ?

-Јас себеси се гледам во средина на теренот како организатор на играта.

4. За кој Европски клуб навивате и дали имате идол ?

-Навивам за Реал Мадрид , а мој идол е Лука Модриќ.

5. Набројте три фудбалски квалитети кои сметате дека ги поседувате ?

-Брзина, пасс игра , дриблинг.

6. Како течат подготовките со вашиот тим, сигурно дека нозете се „тешки“ после паузата ?

-Подготовките течат одлично , се разбира нозете ни се тешки после подолгата летна пауза, но благодарение на нашиот тренер Никола Никанчевски , кој несебично се вложува за нашиот напредок, на секој тренинг се стекнуваме со се подобра техника и кондиција.

7. Дали во иднина се гледате во репрезентативниот дрес на Македонија, што значи за вас да се биде репрезентативец на својата земја ?

-Најголема желба ми е да заиграм во националниот дрес. Тоа е голема чест и одговорност за секој фудбалер.

8. Во новата натпреварувачка сезона повторно ќе настапувате во Детската Лига на ФФМ. Дали го гледате вашиот тим во борба за еден од медалите во ова натпреварување ?

-Се разбира , на секој натпревар ќе се трудиме да дадаме најдобра игра за да се квалификуваме на завршниот турнир на Детската Лига.

9. Кога не тренирате и играте фудбал, што е она што најмногу сакате да го правите во слободно време ?

-Слободното време го поминувам со моето семејство и другари , како и да играм понекогаш компјутерски игри.

10. Првиот предизвик за вашата екипа ќе биде силниот меѓународен турнир „КУЛ КУП 2023“. Какви се очекувањата ваши и на твоите соиграчи ,со оглед дека ќе се надигрувате со силни противници, како од нашата земја, така и надвор од неа ?

-Што се однесува за претстојниот КУЛ КУП 2023 , ќе се обидеме да се претставиме во најдобро светло и да се бориме за првото место во нашата генерација 2011. Јас и моите соиграчи ветуваме дека ќе дадеме се од себе за остварување на целта.

11. За крај на интервјуто, дали Павел има некоја желба или цел која сака да ја оствари во иднина ?

-За во иднина , се разбира на прво место ми е да станам професионален фудбалер , и ќе тренирам напорно за да ја постигнам таа цел.