Младен Крстевски: Сакам да бидам еден од голманите што ќе ја освои златната топка

Нашиот клуб во друштво на Хајдук, Динамо Загреб, Осијек, Ријека, на турнир во Макарска
09/25/2023
Ново коло во Детската Лига на ФФМ, активни ќе бидеме со три генерации
09/29/2023

Младен Крстевски: Сакам да бидам еден од голманите што ќе ја освои златната топка

Продолжуваме со промоција на нашите млади играчи. Во следново интервју ве запознаваме со голманот на генерација 2010, Младен Крстевски, кој заедно со неговиот тим сезонава ќе се натпреваруваат во Регионалната Скопска Лига.

1. Зошто од сите спортови го избравте фудбалот и како се случи да се занимавате со овој спорт ?

.Од сите спортови го одбрав фудбалот бидејки мојот татко и чичко тренирале фудбал во помладите години.Така природно се јави желбата за фудбал.

2. На колку години започнавте да браните, во кој клуб беа вашите први почетоци и под водство на кои тренери?

-Започнав да бранам на осум годишна возраст во мојот матичен клуб COOL под водство на тренерот Ѓоргија Нешовски. Мала анегдота желбата за бранење се зголеми кога Бардак ми рече ,,ајде ти мали застани на гол“

3. Што треба да поседува еден голман за да стане квалитетен и успешен ?

-Еден голман за да биде успешен треба да има желба ,треба да тренира напорно и да биде лидер на својот тим. Кај еден голман психичката подготвеност и истрајност е пресудна бидејќи позади него е само мрежата која не треба да биде затресена.

4.Дали Младен има идол и сака еден ден да стане како него ?

-Јас немам идол, учам од сите голмани што ги следам, но сакам да бидам свој и да се препознавам по мојот начин на бранење.

5. Во новата натпреварувачка сезона која стартува од овој викенд, со вашата генерација ќе се натпреварувате во Регионалната Скопска Лига. Ова ќе биде едно поинакво искуство за вашиот тим, што може да очекуваме сезонава од генерација 2010 ?

-Новата сезона носи нови предизвици за мене и мојот тим, нови искуства. Оваа година ние дебитираме на голем терен, очекувам добра игра и борбеност на теренот, како и тоа да се пласираме на врвот на табелата.

6. Доколку не беше фудбал со кој друг спорт ќе се занимававте ?

-Фудбалот е најважната споредна работа во светот. Максимално ме исполнува и се пронаоѓам во секој поглед. Не би можел да одберам друг спорт освен фудбалот.

7. Кој е најдраг трофеј што го имате освоено со вашата екипа ?

Не можам да одберам најдраг трофеј, како најзабележителен успех би го одвоил освоеното прво место на турнирот во Благоевград Бугарија и сите останати ми се подеднакво драги.

8. Опишете ја вашата генерација со три збора ?

Дружељубиви, борбени ЛАВОВИ НА ТЕРЕН.

9. Дали Младен има зацртано некоја цел која сака да ја оствари во иднина ?

-Како и секој спортист, би сакал да имам забележителен успех. Мојата најголема цел е да освојам Лигата на Шампиони и да бидам еден од голманите што ќе освои Златна Топка.