Преглед на незавршената сезона 2019/20 за надежната генерација 2005 на ФК Кул

Помладите пионери на ФК Кул го освоија првото место во лигата
06/16/2020
Антонио Стојановски постигна најмногу голови за пом.пионери во лигата
06/17/2020

Преглед на незавршената сезона 2019/20 за надежната генерација 2005 на ФК Кул

Освојувачот на националниот Куп од минатата година, генерацијата 2005 на Кул и оваа сезона имаше одлични настапи во двете натпреварувања. Водевме голема битка во лигата со екипата на Вардар за Шампионската титула, но сезоната не го дочека својот крај поради пандемијата со корона вирусот. Ситуацијата ни дозволи да одиграме само 13 натпревари, на кои оствариме 11 победи и 2 нерешени резултати, а нашите момчиња ниту на еден меч не доживеаа пораз. На сите натпревари дававме максимум, пружавме одлични игри, а посебно ќе ја истакнеме победата на гостувањето кај екипата на Вардар, кога во второто полувреме за само 30 минути успеавме да постигнеме шест голови, да направиме целосен резултатски пресврт и да ги освоиме бодовите на тој дерби дуел, после кој го завземавме лидерското место. Нерешените резултати беа против екипите на Шкупи и Шкендија, додека највисокиот триумф го остваривме на мечот против екипата на Сарај, кога успеавме да постигнеме дури 18 голови. Имавме натпревар помалку одигран од Вардар, што не спречи можеби да го имаме најдобриот напад во лигата, со постигнати 62 гола, додека најдобрата одбрана беше на нашиот тим предводен од Саше Божиноски, кој прими само 8 погодоци.

Постигнатите резултати во текот на есенскиот дел кога ги одигравме и сите 13 натпревари, додека едно коло против Македонија Ѓ.П не беше одиграно поради тоа што противникот немаше екипа во оваа возрасна категорија. За жал, во пролетниот дел од сезоната не бевме во можност да одиграме ниту еден меч, требаше да стартувавме против Форца, но натпреварот се одложи по барање на Форца која имаше болни играчи.

1 коло: ФК Кул – ФК Форца  4:1

2 коло: ФК Милано – ФК Кул 0:2

3 коло: ФК Кул – ФК Сарај  18:1

4 коло: ФК Драчево Јуниор – ФК Кул  0:2

5 коло:  ФК Кул – ФК Грозданоски  9:0

6 коло: ФК Фортуна 2009 – ФК Кул  0:4

7 коло:  ФК Кул – ФК Скопје  3:1

8 коло: ФК Вардар – ФК Кул  3:6

9 коло: ФК Кул – ФК Шкендија  1:1

10 коло: ФК Македонија Ѓ.П – ФК Кул ( поништена)

11 коло: ФК Кул – ФК Работнички  3:0

12 коло: ФК Шкупи– ФК Кул  1:1

13 коло: ФК Кул – ФК Куманово Еуроспорт  7:0

14 коло: ФК Њу Старс – ФК Кул  0:2

Ова е табелата, во моментот кога се прекина сезоната во регионалата скопска лига на повозрасните петлиња, (НАПОМЕНА: екипата на Кул имаше натпревар помалку за одигрување од Вардар)

1.ФК Вардар  -39

2. ФК Кул  -35

3. ФК Шкендија  -33

4. ФК Работнички  -30

5. ФК Шкупи   -26

6. ФК Њу Старс  -19

7. ФК Милано  -17

8. ФК Скопје АД  -17

9 ФК Фортуна 2009  -17

10.ФК Форца-Вардар  -17

11. ФК Драчево Јуниор  -14

12. ФК Куманово Еуроспорт-Вардар  -10

13. ФК Грозданоски Илинден  -8

14. ФК Сарај   -4

15. ФК Македонија Ѓ.П  -0

Пандемијата со корона вирусот не спречи во можноста да го браниме трофејот од националниот куп, откако натпреварите беа прекинати во полу-финалето. Во претходните елиминациски рунди немавме проблеми да ги совладаме противниците. Одбраната на трофејот ја започнавме од 1/8 финалето, каде во еден натпревар го елиминиравме тимот на Постолов Пандев ( Штип). Иако мечот го одигравме на гостински терен, нашите момци доминираа на тој дуел и ја наполнија мрежата на домаќинот, славејќе триумф со резултат 0:5.

Во 1/4 финалето на купот за противник го добивме битолски Пелистер, екипа која ја елиминиравме во два натпревари. Половина од работата ја завршивме уште на првиот натпревар кога славевме во Битола (0:2), додека супериорноста над противникот ја потврдивме и на реваншот пред нашите навивачи, кога славевме победа изразена со резултат 3:0.

Ждрепката сакаше во 1/2 финалето да ги одмериме силите со екипата на Шкупи, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваа екипите на Вардар и Каменица Саса. Сепак овие мечеви не се одиграа.

Ова се сите играчи кои сезонава имаа минутажа за генерацијата 2005: Стефан Симоновски, Матеј Митревски, Максим Бундалески, Александар Богданоски, Јордан Јосифов, Матеј Цветановски, Даниел Васиќ, Петар Станковски, Александар Трајчевски, Борјан Наков, Стефан Петрушевски, Андреј Стојаноски, Владимир Стефановиќ, Лука Мицевски, Александар Блажески, Лука Мутовиќ, Филип Радевски, Андреј Стојановски, Мартин Ацески, Петар Паладев и Мартин Ацевски. 

Тренер: Саше Божиноски.