Антонио Стојановски постигна најмногу голови за пом.пионери во лигата

Преглед на незавршената сезона 2019/20 за надежната генерација 2005 на ФК Кул
06/16/2020
Доминација за пионерите на ФК Кул во лигата
06/17/2020

Антонио Стојановски постигна најмногу голови за пом.пионери во лигата

Нашите помлади пионери во својата дебитантска сезона, во рамките на третата лига успеаа да го освојат првото место. На 16 одиграни натпревари, нашите момчиња постигнаа вкупно 59 голови, а како најдобар стрелец се покажа играчот кој беше трет според поминатите минути на теренот. Се работи за Антонио Стојановски кој постигна вкупно 9 голови.

Вкупно 22 играчи можат да се пофалат дека се запишаа во листата на стрелци за оваа генерација на Кул, во сезоната која беше прекината, а ова се играчите кои ги постигнаа сите 59 голови во лигата.

  1. Антонио Стојановски 9
  2. Александар Богданоски 6
  3. Јован Митревски 5
  4. Мартин Ацевски, Лука Закоски и Бојан Јанкулоски по 4
  5. Стефан Ивановски и Борјан Наков по 3
  6. Виктор Боневски, Максим Бундалески, Борјан Иванов, Матеј Јордановски, Мартин Мишовски, Владимир Стефановиќ и Бојан Тренкоски по 2
  7. Дарио Алексовски, Мартин Ацески, Рамадан Кадриовски, Никола Крстевски, Данил Марков, Лука Мицевски и Филип Радевски по 1 постигнат гол.