Доминација за пионерите на ФК Кул во лигата

Антонио Стојановски постигна најмногу голови за пом.пионери во лигата
06/17/2020
Никола Николов: Научив многу работи во Кул, мојата цел е да станам репрезентативец на Македонија и да бидам мотивација за следните генерации на млади фудбалери
06/18/2020

Доминација за пионерите на ФК Кул во лигата

Генерацијата 2003 на ФК Кул ( пионери) имаше одлична сезона пред себе, иако истата не беше комплетирана, сепак нашите млади надежи го освоија првото место во рамките на третата пионерска лига. Екипата која во есенскиот дел од сезоната ја предводеше Милан Коцески, а продолжи со Един Нурединоски, едноставно немаше конкуренција пред себе. Одигравме вкупно 16 натпревари, иако беа предвидени 27.кола, но не се сомневаме дека нашата екипа ќе доминираше и до крајот на сезоната. Самата гол разлика од 71 постигнат гол и само 4 примени погодоци во нашата мрежа, говори за одличните игри кои ги пружаше оваа генерација на Кул. Имавме максимален број на освоени бодови, вкупно 48, или на 16 натпревари стигнавме до исто толку победи. Најголемиот триумф беше на отварање на сезоната кога на домашен терен со двоцифрен број на погодоци го победивме тимот на Плачковица, додека нашата одбрана успеа да не прими погодоци, цели 8 натпревари во лигата.

Сите остварени резултати за пионерите на Кул, во натпреварувачката сезона 2019/20:

1 коло: ФК Кул – ФК Плачковица  10:0

2 коло: ФК Каменица Саса – ФК Кул  0:1

3 коло: ФК Кул – ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци  2:1

4 коло: ГФК Вардар Неготино – ФК Кул  2:7

5 коло: ФК Кул – ГФК Осогово  5:0

6 коло: ФК Кул – ФК Кадино  5:0

7 коло: ФК Сарај – ФК Кул  0:3

8 коло: ФК Кул – ФК Питу Гули  5:0

9 коло: ФК Кит Го Пехчево – ФК Кул  0:2

10 коло: ФК Плачковица – ФК Кул  0:6

11 коло: ФК Кул – ФК Каменица Саса 8:0

12 коло: ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Кул  0:1

13 коло: ФК Кул – ГФК Вардар Неготино  4:1

14 коло: ГФК Осогово – ФК Кул  0:3

15 коло: ФК Кадино – ФК Кул  0:6

16 коло: ФК Кул – ФК Сарај  3:0

Табелата после 16 одиграни кола гласи вака:

1. ФК Кул  -48

2. ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци   -40

3. ФК Сарај  -34

4. ФК Каменица Саса   -23

5. ГФК Осогово   -23

6. ФК Питу Гули  -22

7. ФК Кит Го Пехчево   -15

8. ГФК Вардар Неготино  -12

9. ФК Кадино  -10

10. ФК Плачковица  -3

Во Купот на Македонија за противник ја имавме екипата на Шкупи, во рамките на 1/8 финалето. Патникот во следната рунда беше решен само после одигран натпревар. Иако му дадовме силен отпор на прволигашот Шкупи, сепак екипата од Чаир на крајот со резултат 2:1 се пласираше понатаму.

Со двете пионерски екипи собравме највеќе бодови, вкупно 91 бод, па со оглед дека се зема во предвид вкупното бодовно салдо во двете возрасни категории, нашиот клуб треба во новата сезона да се натпреварува во втората лига.

Играчите кои настапуваа за пионерската екипа: Драган Тренкоски, Дамјан Ивановски, Стефан Здравески, Дамјан Ивановски, Леонид Стојчевски, Андреј Ројчинов, Никола Николов, Стефан Јованоски, Томи Станковски, Христијан Давитков, Ангел Петрушевски, Агрон Бериша, Филип Јаневски, Филип Кузмановски, Виктор Боневски, Лука Алексоски, Лука Миленковиќ, Дарио Алексовски, Матеј Јордановски, Антонио Јовановски, Лука Закоски, Михаил Стаменковски, Марко Ѓорѓиевски, Бојан Јанкулоски, Бојан Ристески, Дамјан Бачоски, Стефан Ивановски, Данил Марков, Филипче Стајковски, Бојан Тренкоски, Марио Гаврилоски, Јован Митревски, Андреј Стојаноски и Бодан Тодоровски.