Александар Богданоски се покажа како најдобар стрелец на својата екипа, во лигата на повозрасните петлиња

Никола Николов: Научив многу работи во Кул, мојата цел е да станам репрезентативец на Македонија и да бидам мотивација за следните генерации на млади фудбалери
06/18/2020
Помладите петлиња дебитираа во регионалната-скопска лига, Тео Давковски беше најдобар стрелец
06/19/2020

Александар Богданоски се покажа како најдобар стрелец на својата екипа, во лигата на повозрасните петлиња

Генерацијата 2005 на ФК Кул одигра само 13 натпревари сезонава во рамките на регионалната-скопска лига. Причината за прекин на сезоната е добра позната, па истата ќе биде поништена без прогласување на шампиони во младинските лиги. Во овој текст ќе ги изнесеме играчите кои успеваа да се запишат во листата на стрелци за оваа генерација на Кул. На 13 одиграни мечеви нашите момци постигнаа вкупно 62 голови, а како најдобар голгетер се покажа Александар Богданоски кој постигна вкупно 15 голови и ја имаше четвртата најголема минутажа во оваа екипа.

Ова се имињата на играчите кои ги постигнаа сите 62 голови во регионалната-скопска лига на повозрасните петлиња:

  1. Александар Богданоски -15
  2. Стефан Петрушевски -9
  3. Даниел Васиќ -8
  4. Максим Бундалески -7
  5. Александар Трајчевски – 5
  6. Матеј Цветановски -4
  7. Петар Станковски -3
  8. Мартин Ацески, Лука Мицевски, Борјан Наков и Филип Радевски по 2
  9. Матеј Митревски, Лука Мутовиќ и Стефан Симоновски по 1 гол.