Помладите петлиња дебитираа во регионалната-скопска лига, Тео Давковски беше најдобар стрелец

Александар Богданоски се покажа како најдобар стрелец на својата екипа, во лигата на повозрасните петлиња
06/18/2020
Ретроспектива на сезоната 2018/19 во детската лига, две генерации на ФК Кул се закитија со медали на завршниот турнир
06/19/2020

Помладите петлиња дебитираа во регионалната-скопска лига, Тео Давковски беше најдобар стрелец

Генерацијата 2006 на ФК Кул ја имаше својата дебитантска сезона во рамките на регионалната-скопска лига. Нашите помали петлиња одиграа само 14 натпревари, колку што дозволи ситуацијата. Освоивме вкупно 19 бодови, а нашиот скор беше од 6 победи, 1 нерешен резултат и 7 порази. Имавме негативна гол разлика од 19 постигнати и 27 примени голови. Сите одиграни дуели беа во есенскиот дел од сезоната, додека во пролетниот дел не одигравме ниту еден натпревар. Имавме и подеми и падови во текот на есенскиот дел, а тренерите Ѓорѓија Нешовски и Александар Цветковски се обидуваа да го извадат максимумот од сите играчи.

Сите постигнати резултати за генерацијата 2006 во рамките на регионалната-скопска лига за помлади петлиња:

1 коло: ФК Кул – ФК Форца  0:1

2 коло: ФК Милано – ФК Кул   4:1

3 коло: ФК Кул – ФК Сарај  2:1

4 коло: ФК Драчево Јуниор – ФК Кул  3:4

5 коло: ФК Кул – ФК Грозданоски  0:1

6 коло: ФК Фортуна 2009 – ФК Кул  0:3

7 коло: ФК Кул – ФК Скопје АД  4:0

8 коло: ФК Вардар – ФК Кул  7:0

9 коло: ФК Кул – ФК Шкендија  0:3

10 коло: ФК Македонија Ѓ.П – ФК Кул  0:1

11 коло: ФК Кул – ФК Работнички  2:1

12 коло: ФК Шкупи – ФК Кул  1:1

13 коло: ФК Кул – ФК Куманово Еуроспорт  0:2

14 коло: ФК Њу Старс – ФК Кул  3:1

15 коло: слободни

Со генерацијата 2006 се натпреварувавме и во Купот на Македонија, каде стигнавме во осумте најдобри екипи. Најпрво во 1/8 финалето нашите момчиња ги елиминираа врсниците од екипата на Пелистер. Патникот во следната елиминациска рунда беше решен само на еден одигран натпревар, истиот се одигра на теренот на Цементарница, кој го добивме во своја корист со резултат 2:1. Во 1/4 финалето пред себе имавме тежок противник во екипата на Академија Пандев. Првиот дуел го одигравме на домашен терен и заврши без победник (1:1), додека на реваншот во Струмица после голема борба, струмичани се радуваа на триумфот (2:1) и на пласманот во 1/2 финалето.

Што се однесува до листата на стрелци во Лигата, Тео Давковски постигна најмногу голови, а покрај него уште осум други играчи успеваа да постигнат голови во рамките на регионалната-скопска лига за помали петлиња. 

1. Тео Давковски  6

2. Јован Бошнаков  3

3. Антони Динов, Стефан Душкоски и Олег Михајловски по 2

4. Петар Давитов, Леонид Јовевски, Марко Костовски и Никита Патаровски по 1 гол.

Сите играчи кои имаа минутажа оваа сезона за генерацијата 2006: Петар Трпевски, Тео Давковски, Јован Ѓорѓиески, Јован Бошнаков, Матеј Стојановски, Јован Михов, Петар Лазовски, Леонид Јовевски, Марко Костовски, Стефан Душкоски, Олег Михајловски, Мики Илиев, Алекс Константино Ѓоргиевски, Никита Патаровски, Антони Динов, Дамјан Спасовски, Кристијан Симоновски, Марко Митев, Марко Блажовски, Јане Цветков, Макс Хаџиќ, Петар Давитов, Јаков Николовски, Петар Мицевски, Марко Стефановски, Фисник Љамалари, Никола Јовановски и Андреј Миноски.