Дури 24 играчи се запишаа во листата на стрелци кај пионерите, а на врвот се најде Стефан Здравески

Даниел Васиќ: Во ФК Кул се чувствуваме како едно големо семејство, еден ден би сакал со мојот клуб да играме во ПМФЛ
06/20/2020
Ретроспектива на сезоната 2017/18, „бронзените“ момчиња од генерација 2005 во малото финале со фудбалска „лекција“ за Шкендија
06/21/2020

Дури 24 играчи се запишаа во листата на стрелци кај пионерите, а на врвот се најде Стефан Здравески

Пионерите на ФК Кул имаа успешна дебитантска сезона во рамките на третата пионерска лига. Иако натпреварувачката сезона 2019/20 не го дочека својот крај, сепак, нашата генерација 2003 успеа да заврши на првото место на табелата. На 16 одиграни натпревари имавме исто толку победи и со максимален број на освоени бодови бевме осамени на врвот на табелата во лигата. Што се однесува до бројот на постигнати голови, нашите играчи покажаа голема ефикасност, па така на 16 мечеви постигнавме дури 71 постигнат гол, што беше и вториот напад во лигата.

Дури 24 играчи од пионерската екипа на Кул, се запишаа во листата на стрелци, а на еден играч му припадна врвот. Се работи за Стефан Здравески кој постигна 10 голови во противничките мрежи, додека втор по ефикасност е Леонид Стојчевски со 9 погодоци. Инаку, Здравевски заврши и на третото место на најдобрите стрелци во целата лига.

Ова се сите играчи кои постигнаа голови сезонава за пионерите на Кул ( НАПОМЕНА: Со оглед дека еден натпревар во лигата го добивме со службен резултат 0:3, во листата на стрелци ќе изброиме 68 погодоци).

1. Стефан Здравески  -10

2. Леонид Стојчевски  -9

3. Ангел Петрушевски  и Томи Станковски по 6

4. Никола Николов  -5

5. Виктор Боневски и Стефан Јовановски по 3

6. Лука Алексоски, Дамјан Бачоски, Агрон Бериша, Христијан Давитков, Марко Ѓорѓиевски, Лука Закоски, Матеј Јордановски, Андреј Стојаноски и Бојан Тренкоски по 2 гола

7. Марио Гаврилоски, Дамјан Ивановски, Филип Јаневски, Антонио Јовановски, Филип Кузмановски, Јован Митревски, Бодан Тодоровски и Драган Тренкоски.