Нашите репрезентативци, Виктор Боневски и Александар Трајчевски

Ретроспектива на сезоната 2017/18, „бронзените“ момчиња од генерација 2005 во малото финале со фудбалска „лекција“ за Шкендија
06/21/2020
Да се потсетиме, прв пат во сезоната 2016/17 со генерацијата 2003 започнавме да се натпреваруваме во регионалната-скопска лига
06/22/2020

Нашите репрезентативци, Виктор Боневски и Александар Трајчевски

Нашата фудбалска школа може да се пофали со двајца репрезентативци, кои се дел од генерацијата на играчи родени 2004 и 2005 година. Се работи за Виктор Боневски (2004) и Александар Трајчевски (2005).

Виктор Боневски оваа сезона настапуваше паралелно за двете пионерски екипи на ФК Кул, со кои го освои првото место во рамките на третата лига. За помладите пионери постигна два гола, додека за пионерите во три наврати се запишуваше во листата на стрелци. Втора година е дел од нашиот клуб и со успех го носи нашиот дрес.

Виктор има вкупно девет настапи за Македонската репрезентација составена од играчи кои се родени 2004 година, а за прв пат дебитира во 2018 година, во дуел против репрезентацијата на Турција. Има постигнато и еден гол во националниот дрес, на контролен натпревар против селекцијата на Црна Гора, на гостински терен.

Вториот репрезентативец потекнува токму од ФК Кул, се работи за Александар Трајчевски, кој оваа сезона настапуваше за повозрасните петлиња, а исто така забележа и настапи за помладите пионери. Александар веќе седма година е дел од нашиот клуб, а неговите добри игри беа препознаени од селекторот Тони Јакимовски кој во декември 2019 година го повика да настапи за Македонија У15 на контролните дуели против селекцијата на Кипар. На двата меча против оваа селекција, Трајчевски забележа настапи.