Да се потсетиме, прв пат во сезоната 2016/17 со генерацијата 2003 започнавме да се натпреваруваме во регионалната-скопска лига

Нашите репрезентативци, Виктор Боневски и Александар Трајчевски
06/22/2020
Филип Стајковски: Атмосферата во клубот е прекрасна, верувавме дека ќе го освоиме првото место во лигата, тоа беше и нашата цел пред стартот на сезоната
06/23/2020

Да се потсетиме, прв пат во сезоната 2016/17 со генерацијата 2003 започнавме да се натпреваруваме во регионалната-скопска лига

Прв пат во натпреварувачката сезона 2016/17 со една наша генерација започнавме да се натпреваруваме во рамките на втората регионална-скопска лига. Се работи за генерацијата 2003 на ФК Кул, која во таа сезона го освои одличното второ место.

Во конкуренција на 13 екипи, тимот на Кул заврши на втората позиција, а пред нас беше само екипата на Шкендија. Таа сезона одигравме вкупно 22 натпревари, на кои остваривме 14 победи, по 4 нерешени резултати и 4 порази, односно освоивме 46 бодови. Имавме гол разлика од 67 постигнати и 31 примен гол.

Врвот на листата на најдобри стрелци во нашиот состав го делеа двајца играчи, тоа беа Стојчевски и Спасовски кои постигнаа по 10 голови.

1. Виктор Спасовски и Леонид Стојчевски -10

2. Матеј Илевски  -7

3. Стефан Здравески и Мартин Илиевски -6

4. Тино Мачавеловски -5

5. Стефан Јовановски  -3

6. Никола Николов и Александар Николовски -2

7. Иван Анѓеловски, Стефан Ивановски, Михајло Стамески и Томи Станковски -1

Во натпреварувачката сезона 2016/17 дресот на нашата генерација 2003 го носеа следниве играчи: Стефан Јованоски, Стефан Здравески, Мартин Илиевски, Матеј Илиевски, Александар Николовски, Томи Станковски, Леонид Стојчевски, Виктор Спасовски, Тино Мачавеловски, Горјан Грујовски, Ангел Петрушевски, Иван Анѓеловски, Давид Јовановски, Никола Николов, Стефан Ивановски, Лука Миленковиќ, Михајло Стамески, Стефан Јакимовски, Марио Ангеловски, Тео Павлоски и Матеј Томашевски.