Филип Стајковски: Атмосферата во клубот е прекрасна, верувавме дека ќе го освоиме првото место во лигата, тоа беше и нашата цел пред стартот на сезоната

Да се потсетиме, прв пат во сезоната 2016/17 со генерацијата 2003 започнавме да се натпреваруваме во регионалната-скопска лига
06/22/2020
Патот до финалето во Купот на помладите петлиња во 2019 година, таму „падна“ Вардар за прв трофеј во националниот Куп
06/23/2020

Филип Стајковски: Атмосферата во клубот е прекрасна, верувавме дека ќе го освоиме првото место во лигата, тоа беше и нашата цел пред стартот на сезоната

Нашето ново интервју е со играч кој подолго време е во фудбалската школа Кул. Се работи за Филип Стајковски кој е дел од генерацијата на играчи родени 2004 година. Филип е веќе деветта година дел од клубот, почетоците со фудбалот ги има токму во Кул, а оваа сезона забележа настапи и за двете пионерски екипи кои освоија прво место во лигата. Преку нашиот веб сајт во иднина подетално ќе ве запознаваме со нашите играчи, со нивните искуства и настапи во Кул, како и со желбите и целите кои ги имаат. Прочитајте го интервјуто со Филип Стајковски.

1. Зошто се одлучивте за фудбал, а не за друг спорт ?

-Затоа што како мал гледајќи фудбал на телевизија се заљубив во спортот и добив голема желба да тренирам и да станам професионален фудбалер.

2. На колку години беше вашиот прв тренинг во Кул, кој беше првиот тренер со кој соработувавте и од кој ги учевте основите во фудбалот ?

Mојот прв тренинг беше на моите 7 години, прв тренер ми беше Александар Цветковски од него ги научив основите на фудбалот.

3. Која е вашата омилена позиција на теренот ?

-Мојата омилена позиција на теренот е средината каде и што настапувам, омилена ми е затоа што топката оди се преку мене и имам поголема слобода на движење.

4. Сезонава која не го дочека својот крај со пионерските екипи завршивте на првото место. Со оглед дека настапуваше и за двете екипи, какви беа амбициите на истите пред стартот на сезоната, дали верувавте дека можете да го освоите првото место ?

-Знаевме дека сме подобри од останатите екипи и имавме доверба меѓу себе и во нашите способности. Секако, верувавме дека ке го освоиме првото место во лигата, тоа беше и нашата главна цел пред почетокот на сезоната.

5. Издвоите една награда, трофеј, или пласман кој ви остана посебно драг во изминатиов период додека сте во ФК Кул ?

-Посебно драг пласман додека сум во овој клуб ми беше пласманот во полуфиналето на силниот меѓународен турнир “Дана Купот“ во Данска, бидејќи таму има многу добри екипи, клубови од секаде на светот.

6. Дали Филип има некој ритуал пред одигрување на натпревар ?

-Не, немам никаков ритуал пред натпреварите.

7. Кои се вашите амбиции поврзани со ФК Кул ?

-Сакам еден ден да стигнеме до Првата Лига, и да имаме успеси во купот на Македонија.

8. Колку сте задоволен од вашата игра во текот на сезоната, дали мислите дека дадовте максимум на теренот ?

-Со оглед на тоа дека бев повреден и доста натпревари пропуштив, сепак присуствував на секој натпревар и им давав поддршка на моите соиграчи. Можам да кажам дека сум задоволен од мојата игра, го дадов максимумот од мене за да им помогнам на моите другари, соиграчи за да ја освоиме лигата.

9. Кој е вашиот најголем другар во тимот и колку често се дружиш со соиграчите и надвор од теренот ?

-Моите најголеми другари од клубот се Никола и Лука. Заедно излегуваме и се дружиме речиси секој ден. Кога можеме се собираме и сите заедно како екипа.

10. Која Европска лига најмногу ја следите и кој е вашиот фудбалски идол ?

-Најмногу ја следам англиската лига, шпанската и Лигата на Шампиони, додека мојот идол е Еден Хазард.

11. Каква е атмосферата во фудбалската школа Кул, колку клубот ти помогна да се развиеш правилно ?

-Атмосферата во клубот е прекрасна, клубот многу ми помогна да се развијам како играч. Навистина е прекрасно да си дел од тимот на ФК КУЛ. 

12. Колку често си присутен на турнирите кои ги организира ФК Кул во последниве пет години, какво е твоето мислење за организацијата на истите и за квалитетот на екипите ?

-Често сум присутен на турнирот кој го организира ФК КУЛ, атмосферата е прекрасна исто така и организацијата, квалитетот на екипите е совршен затоа што доаѓаат клубови од целиот Балкан и пошироко.

13. Доколку не би бил фудбалер, со што друго би се занимавал во животот ?

-Искрено незнам со што би се занимавал, затоа што од мали нозе сум со топката. Желбата ми е да станам професионален фудбалер и верувам дека еден ден ќе ми се исполни оваа желба.

14. Која е пораката која би им ја упатил на младите играчи кои се занимаваат со фудбал ?

-Да веруваат во себе, никогаш да не се откажуваат, затоа што фудбалот ќе ги одржуваа физички активни и ќе стекнат многу нови другарства.