Минатата сезона за само еден погодок, Александар Богданоски, не заврши на врвот на листата на најдобри стрелци во лигата

Патот до финалето во Купот на помладите петлиња во 2019 година, таму „падна“ Вардар за прв трофеј во националниот Куп
06/23/2020
Ретроспектива на дебитантската сезона 2017/18 во регионалната-скопска лига за помладите петлиња на ФК Кул
06/25/2020

Минатата сезона за само еден погодок, Александар Богданоски, не заврши на врвот на листата на најдобри стрелци во лигата

Во натпреварувачката сезона 2018/109, генерацијата 2005 на ФК Кул дебитираше во рамките на регионалната-скопска лига за помладите петлиња. Таа сезона имавме успешен настап со оглед дека финиширавме на второто место во лигата зад екипата на Вардар, додека успеавме да го освоиме Купот на Македонија.

Нашиот напаѓач, Александар Богданоски, за само еден гол не успеа да заврши на врвот на листата на најдобрите стрелци во лигата. Минатата сезона, Александар, имаше постигнато 17 голови, само еден помалку од Никола Величковски ( Вардар) и Фљакрон Мемиши ( Милано) кои го поделија врвот, со 18 погодоци.

Оваа сезона која не го дочека својот крај, Богданоски, беше на добар пат да ја зголеми бројката на постигнати голови, со оглед дека на само 13 одиграни мечеви имаше вкупно 15 погодоци, а најмногу голови постигна во рамките на 3. коло, кога во домашниот триумф против екипата на Сарај, нашиот играч стрелаше дури пет пати во противничката мрежа. Минатата сезона постигна 17 голови, но на 20 одиграни мечеви за својата генерација.

Одлични две сезони за Александар Богданоски, а ние се надеваме дека ќе блесне и во новата натпреварувачка сезона, во која нашата генерација 2005 ќе дебитира во рамките на помладата пионерска супер лига.