Ретроспектива на дебитантската сезона 2017/18 во регионалната-скопска лига за помладите петлиња на ФК Кул

Минатата сезона за само еден погодок, Александар Богданоски, не заврши на врвот на листата на најдобри стрелци во лигата
06/24/2020
Лука Миленковиќ: Ако би требало повторно да одлучувам каде да тренирам, без размислување тоа би било во ФК Кул
06/26/2020

Ретроспектива на дебитантската сезона 2017/18 во регионалната-скопска лига за помладите петлиња на ФК Кул

Во период кога нема тренинзи и натпревари, кои со нетрпение ги очекуваме, преку нашиот бев сајт ќе ве известуваме и за актуелности кои се поврзани од минатите години.

Ќе направиме една ретроспектива на натпреварувачката сезона 2017/18, во која генерацијата 2004 на ФК Кул дебитираше во рамките на Регионална СКОПСКА ФФМ лига за помлади петлиња. Во конкуренција на осум екипи, нашите млади надежи го освоија одличното второ место.

Таа сезона одигравме вкупно 28 натпревари, на кои остваривме скор од 19 победи, 3 нерешени резултати и 6 порази. Ги имавме и вториот најдобар напад и одбрана во лигата, со постигнати 90, односно 38 примени голови.

Табелата во сезоната 2017/18 изгледаше вака:

1. ФК Фортуна 2009  -79

2. ФК Кул     -60

3. ФК Еуроспорт Вардар  -44

4. ФК Драчево Јуниор   -40

5. ФК Ринија    -38

6. ФК Скупи   -30

7. ФК Фенербахче-Тефејуз   -19

8. ФК Хет-Трик   -16

Да ве потсетиме и на играчите кои се запишаа во листата на стрелци за помладите петлиња на Кул, во споменатата натпреварувачка сезона:

1. Кристијан Шутаров -16

2. Марио Гаврилоски  -8

3. Дамјан Бачоски  -6

4. Филип Стајковски  -5

5. Мартин Ацески и Данил Марков -4

6. Матеј Илиевски и Тео Павлоски  -3

7. Александар Богданоски и Матеј Томашевски  -2

8. Максим Бундалески, Горјан Грујовски, Антони Динов, Виктор Зафироски, Стефан Ивановски, Стефан Јакимовски, Бојан Јанкулоски, Виктор Крстевски, Андреј Маркоски, Јован Митревски, Матеј Михаилов, Ангел Петрушевски, Нино Ристовски, Александар Трајчевски и Матеј Цветановски -1.