Фудбалската школа Кул од денес се враќа на тренинзите

Ретроспектива на сезоната 2018/19 за петлињата на ФК Кул, највпечатлива беше победата против Вардар
06/30/2020
Матиќ Ива: Покрај тоа што бев единственото девојче, уште од првиот ден сум одлично прифатена, ФК Кул е вистинското место за секој што сака да тренира
07/02/2020

Фудбалската школа Кул од денес се враќа на тренинзите

Со радост можеме да ве известиме дека од денес се враќаме на тренинзите. После пауза од речиси четири месеци, министерството за здравство даде одобрение и за колективните спортови, па така фудбалската школа Кул од денес ќе стартува со подготовки за новата натпреварувачка сезона.

Постепено децата ќе се враќаат на тренинзите, а ние како клуб ќе овозможиме да се почитуваат и спроведат сите протоколи кои се неопходни за здравјето на нашите членови.

Во наредниов период преку нашиот веб сајт ќе ве известуваме и за термините на тренинзите, како и тоа на кои терени истите ќе се одвиваат.

Сите новости поврзани во иднина со нашиот клуб ќе можете да ги прочитате на нашиот веб сајт.