(Фотогалерија) Помладите пионери ја стартуваа „мисијата“ пласман во првата супер лига

ФК Кул стартуваше со тренинзи и со генерацијата 2009 (ФОТО)
07/04/2020
Петар Трпевски: На мојот седми роденден беше првиот тренинг во Кул, клуб кој од првиот ден ми остави голем впечаток
07/06/2020

(Фотогалерија) Помладите пионери ја стартуваа „мисијата“ пласман во првата супер лига

Генерацијата 2005 во новата натпреварувачка сезона ќе дебитира во рамките на втората помлада пионерска лига. Ова ќе биде нов предизвик за оваа надежна генерација, која пред една година го освои Купот на Македонија и стана вицешампион во лигата. Штета, што натпреварувачката сезона 2019/20 не го дочека својот крај, игравме одлично и сигурно дека ќе се боревме повторно за двата трофеи. Во новата сезона ќе настапуваме во втората лига на помладите пионери, со цел и амбиции во следната година да се пласираме во најсилната супер лига.

Пред три дена стартувавме со тренинзи, а вчерашниот утрински тренинг го одржавме во балонот во Кисела Вода. Саше Божиноски е стратегот кој и во новата сезона ќе ја предводи генерацијата 2005, а како изгледаше тренингот погледнете во следните 50 фотографии.