Петар Трпевски: На мојот седми роденден беше првиот тренинг во Кул, клуб кој од првиот ден ми остави голем впечаток

(Фотогалерија) Помладите пионери ја стартуваа „мисијата“ пласман во првата супер лига
07/05/2020
(ВИДЕО) Репортажа од меѓународниот турнир „Кул Куп 2019“
07/06/2020

Петар Трпевски: На мојот седми роденден беше првиот тренинг во Кул, клуб кој од првиот ден ми остави голем впечаток

Следното наше интервју е со играч кој настапува за генерацијата 2006 и кој точно седум години е дел од нашата фудбалска школа. Се работи за Петар Трпевски, тоа е играчот кој помина најмногу минути на теренот во сезоната која не го дочека својот финиш и која беше дебитантска во регионалната скопска лига за помладите петлиња. Може да одговори на офанзивните задачи од тренерите, но кога е потребно настапува и во дефанзива. Неговата генерација ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона, а Петар ќе се приклучи малку подоцна на тимот. Во продолжение од текстот прочитајте го интервјуто со Петар Трпевски, на кој се надеваме дека еден ден желбите ќе му станат реалност.

1. Ако не бевте фудбалер, со кој друг спорт ќе се занимаваше ?

-Доколку не бев фудбалер, пак ќе сакав да се занимавам со овој спорт.

2. На колку години започнавте да тренирате и што беше тоа што ве привлече во фудбалот ?

-Започнав да тренирам фудбал на 7 години, а ме привлече секојдневното играње фудбал со другарите.

3. Вие сте играч кој може да игра на позициите лев бек и лево крило, се однесува за различни позиции во офанзива и дефанзива. Дали е голема разликата на терен на овие две позиции и која ви прилега повеќе ?

-Не е голема разликата, но сепак повеќе ми лежи офанзивната игра, но во зависност од барањата на тренерот можам да одговорам и на другата позиција.

4. Како се случи да започнете да тренирате во Кул, што ве привлече во овој клуб ?

-Татко ми на мојот роденден ме однесе на првиот тренинг на игралиштето на Кул. Клубот ми остави голем впечаток, што веднаш ме прифатија како да сум дел од нив.

5. Минатата сезона не го дочека својот крај од познатите причини, вие со вашата генерација имавте можност да дебитирате во рамките на регионалната скопска лига. Какви се впечатоците од сезоната во лигата на помлади петлиња, дали си задоволен од игрите и резултататите на твојата генерација ?

-Задоволен сум, но мислам дека можевме да постигнеме поголем успех, пред се во купот на Македонија, каде стигнавме во најдобрите осум екипи. Во лигата имавме променливи резултати, верувам дека можевме да дадеме повеќе на поедини натпревари и да освоиме повеќе бодови.

6. Петар вие сте играчот кој имаше најголема минутажа на теренот во прекинатата сезона на регионалната-скопска лига. Дали сметаш дека ја оправда укажаната доверба од тренерите и колку си задоволен од твојот придонес на теренот ?

-Моето мото е дека „секогаш можам повеќе“, и мислам дека ги исполнив барањата на тренерите. Секако довербата која ја имам од нив треба да ми претставува дополнителен мотив за напорна работа и тренинг.

7. Имавте незгода, во која ја скршивте раката. Како тече опоравувањето и кога можеме да ве очекуваме на терените ?

-Опоравувањето тече во најдобар ред, се надевам дека со нови сили ќе се вратам на терен кон крајот на месец јули.

 8. Кој е најсилниот меѓународен турнир на кој сте настапувале со вашата генерација ?

-Најсилен и најдобро организиран турнир на кој сум присуствувал според мене е „Дана Купот“во Данска. Вистинско доживување е да си дел од овој меѓународен турнир и благодарност до клубот кој ни овозможува да се надигруваме со Европските екипи.

9. Кои се најубавите моменти кои ги поминувате во клубот ?

-Секој натпревар за мене означува убави моменти и посебна приказна. Секој ден поминат во ФК Кул останува во сеќавањата и се надевам на уште безброј доживувања.

10. Дали сте единствениот од семејството кој се занимава со фудбал, или имате и спортски корени ?

-Не сум единствениот, мојот татко се има занимавано со фудбал и се уште игра рекреативно.

11. Сигурно дека со вашата генерација имате настап на меѓународниот турнир „Кул Куп“. Какво е твоето мислење за овој настан кој го организира нашиот клуб, дали често ги следиш турнирите кои се организираат на почетокот на месец септември ?

– Турнирот „Кул Куп“ е одлична можност за запознавање со нови другари, со кои и денес контактирам. Редовно ги следам сите изданија овој турнир на кој и јас имам учествувано со мојата генерација. Се работи за голем спортски настан кој ги исполнува сите услови за безпрекорна организација, но и турнир на кој настапуваат квалитетни екипи, кои прикажуваат врвен фудбал.

12. Дали Петар има идол и омилен Европски тим ?

-Мојот идол е Робертко Карлос, додека омилен тим ми е Барселона.

13. Колку е тешко да се стане добар играч, што е потребно за да се биде врвен фудбалер ?

-Потребно е многу тренирање, залагање и откажување од многу работи.

14. За крај, кои се желбите на Петар за во иднина, поврзани на фудбалски план ?

-Мојата желба е најпрво да се вратам на терен и во иднина да се видам во некој поголем европски клуб.