Статистика за генерациите на ФК Кул кои беа дел од младинските лиги, во кои периоди од натпреварите постигнувавме најмногу голови

(ВИДЕО) Репортажа од меѓународниот турнир „Кул Куп 2019“
07/06/2020
Кул го има третиот најдобар стрелец во пионерската лига, Стефан Здравески и Леонид Стојчевски во ТОП-5
07/08/2020

Статистика за генерациите на ФК Кул кои беа дел од младинските лиги, во кои периоди од натпреварите постигнувавме најмногу голови

Во следниов текст ќе се позанимавме со статистиката на нашите генерации, кои изминатава сезона се натпреваруваа во младинските фудбалски лиги, а се однесува до периодите во кои постигнуваа голови.

Генерацијата 2005 ја играше својата втора сезона во рамките на регионалната-скопска лига, за жал истата не заврши, иако нашите момчиња водеа голема борба за шампионската титула. Одигравме само 13 натпревари и тоа сите во есенскиот дел од сезоната, постигнувајќи вкупно 62 голови. Статистиката покажува дека повеќе голови сме постигнале во втората половина од мечевите. Во првото полувреме, повозсрасните петлиња на Кул постигнале 27 погодоци, додека во вториот дел имаме 35 голови. Најмногу голови, вкупно 11 имаме во последните десет минути од натпреварите, односни од 71-80 минута, додека 10 погодоци имаме од 61-70 минута. Најмалку сме ефикасни од 31-40 минута кога во противничките мрежи сме постигнале 5 голови.

Генерацијата 2006 дебитираше во регионалната-скопска лига, во која одигра вкупно 14 натпревари, колку и што дозволи ситуацијата. Постигнавме вкупно 19 голови, а ефикасноста била поголема во првото полувреме од натпреварите. Најмногу погодоци, дури 8 имаме во периодот од 21-40 минута од дуелите во лигата, а во сите периоди сме имале барем најмалку еден погодок.

Генерацијата 2004 настапи во третата лига на помладите пионери, каде доминираше освојувајќи го првото место во  истата. Одигравме вкупно 16 натпревари, на кои бевме голгетерески расположени постигнувајќи дури 59 голови во противничките мрежи, што беше и втор најдобар напад во лигата. Подеднакво ефикасни бевме во двете полувремиња од мечеви, односно 30 погодоци имавме во првото полувреме, додека еден помалку, или 29 во вториот дел од мечевите. Најмногу погодоци имаме од 11-20 минута кога имавме 9 погодоци, додека најмалку голови имаме во последните десет минути од дуелите.

Генерацијата 2003 заврши на првото место во третата лига на пионерската лига. Имавме максимален број на освоени бодови после 16 одиграни натпревари, постигнувајќи вкупно 68 голови. Голгетерески расположени повеќе бевме во првото полувреме од мечевите кога имавме дури 41 постигнат гол, додека во второто полувреме имавме 27 погодоци. Најмногу голови имаме до 20.минута од мечевите кога сме постигнале дури 26 голови во противничките мрежи, додека најмалку, или само 3 голови имаме од 71-90 минута.