Кул го има третиот најдобар стрелец во пионерската лига, Стефан Здравески и Леонид Стојчевски во ТОП-5

Статистика за генерациите на ФК Кул кои беа дел од младинските лиги, во кои периоди од натпреварите постигнувавме најмногу голови
07/07/2020
(ВИДЕО) Репортажа од еден тренинг на ФК Кул
07/08/2020

Кул го има третиот најдобар стрелец во пионерската лига, Стефан Здравески и Леонид Стојчевски во ТОП-5

Генерацијата 2003 која за прв пат се натпреваруваше во рамките на третата лига, успеа да заврши на првото место, иако сезоната не го дочека својот крај. Сепак нашите млади надежи на 16 одиграни мечеви остварија исто толку победи и заслужено во новата сезона се пласираа во повисок ранг на натпреварување.

Оваа генерација на Кул може да се пофали дека го имаше и третиот најдобар стрелец во лигата, а тоа е Стефан Здравески, кој заврши на 3.место на листата на најдобри стрелци во лигата. Стефан постигна вкупно 10 голови, кои го сместија високо на врвот. Уште еден наш играч се најде во најдобрите пет голгетери, се работи за Леонид Стојчевски кој имаше 9 постигнати голови.

Вака изгледа ТОП-5 листата на најдобрите стрелци во лигата, а во неа има и двајца играчи од нашиот тим:

1.Јован Камчев ( ГФК Тиквеш) -23

2. Авдули Џезаир ( Сарај)  -20

3. Стефан Здравески ( КУЛ) – 10

4. Давид Атанасоски ( Питу Гули), Леонид Стојчевски (КУЛ), Алекс Димитров (ГФК Осогово) и Мартин Тодоров (ГФК Тиквеш) -9