ФК Кул со генерацијата 2006 одигра пријателски меч против екипата на Скупи

Марко Блажовски: Лојалноста и успесите беа пресудни моменти при одлуката да останам во Кул
07/12/2020
Успешен контролен дуел за генерација 2009, избраниците на Нешовски до убедлива победа против Скупи
07/12/2020

ФК Кул со генерацијата 2006 одигра пријателски меч против екипата на Скупи

Некомплетната генерација 2006 на ФК Кул денес го одигра својот прв контролен натпревар. На теренот на Локомотива во населбата Карпош 3, имавме пријателски натпревар со екипата на Скупи, меч кој заврши во корист на противникот со резултат 1:4.

Иако први го отворивме резултатот за 1:0, резултат кој беше актуелен на полувреме, сепак во последните 15 минути од вториот дел набрзина примивме четири погодоци. На овој дуел тренерот Александар Цветковски не можеше да смета на неколку искусни играчи, додека во второто полувреме шанса добија и играчи кои се родени 2007 година.