Ретроспектива на сезоната 2019/20 за генерацијата 2011 која настапи на три турнири

(Фотогалерија) Повозрасните петлиња го одиграа првиот контролен натпревар
07/14/2020
(Фотогалерија) Победа на првиот контролен меч за генерација 2009 на ФК Кул
07/15/2020

Ретроспектива на сезоната 2019/20 за генерацијата 2011 која настапи на три турнири

Генерацијата 2011 ја играше својата втора сезона во рамките на детската лига, но истата не го дочека својот крај поради пандемијата со корона вирусот. Во продолжение ќе направиме ретроспектива на сезоната 2019/20 за генерацијата 2011 која ја предводи Александар Цветковски.

Натпреварувачката сезона 2018/19 ја завршивме на третото место, односно на завршниот турнир на најдобрите екипи од цела Македонија го освоивме бронзениот медал. Имавме големи надежи дека повторно ќе се бориме за еден од медалите во детската лига, но непредвидени околности спречија сезоната 2019/20 да не финишира.

Во детската лига се натпреварувавме со две екипи, од кои Кул (1) успешно го заврши есенскиот дел од сезоната, период во кој бевме без пораз. Од позначајните победи ќе ги издвоиме оние во дуелите против екипите на Вардар, Работнички, Њу Старс, како и во последното есенско коло кога убедливо го победиме тимот на Форца, со резултат од 9:1, нанесувајќи му го првиот пораз на овој противник.

Оваа генерација зема учество и на 5.издание на меѓународниот турнир „Кул Куп“ на кој го освоивме одличното второ место. Вкупно 12 екипи, од Македонија и надвор од земјава се натпреваруваа во оваа возрасна категорија, а нашите надежи се закитија со сребрениот медал, откако во финалето беа поразени дури после изведување на ударите од белата точка.

Во групната фаза одигравме вкупно три натпревари кои ги добивме убедливо и на тој начин со максимален број на освоени бодови го освоивме првото место во нашата група. Постигнатите резултати во групата А:

1 коло: Албарса – Кул  0:3

2 коло: Борец Велес – Кул  1:4

3 коло: Кул – Биџо 4:2

Ова се резултатите и од завршните мечеви на турнирот:

1/4 финале: Кул – Драчево  5:4

1/2 финале: Титан Србија – Кул  2:4

ФИНАЛЕ: Форца – Кул  0:0  ( пенали 2:1)

Годината 2019 ја финиширавме со учество на новогодишниот турнир кој е во организација на фудбалската школа Мондано. Тука освоивме бронзен медал.

Последниот турнир на кој настапивме во сезоната 2019/20 беше „Ника Куп“ кој се одржа во Белград. На овој турнир бевме елиминирани во групната фаза, но нашите фудбалерчиња се стекнаа со ново искуство, играјќи на терен со мантинели.

После две одиграни пролетни кола во детската лига, сезоната беше прекината, а подоцна и поништена.