Два златни и еден сребрен медал за момчињата од генерација 2010 во сезоната 2019/20

(Фотогалерија) Победа на првиот контролен меч за генерација 2009 на ФК Кул
07/15/2020
Ретроспектива на сезоната 2019/20 за генерација 2009 на ФК Кул, нашите млади надежи освоија два златни медали од настапите на турнирите
07/16/2020

Два златни и еден сребрен медал за момчињата од генерација 2010 во сезоната 2019/20

Следува ретроспектива на натпреварувачката сезона 2019/20 и за генерацијата 2010, која успеа да освои два златни и еден сребен медал од учествата на турнирите.

Во детската лига која е во организација на ФФМ се натпреварувавме со две екипи. Кај играчите од двата тима имаше континуиран напредок, како на индивидуален план, така и на колективно ниво. Паралелно на тоа се подобруваа и резултатите, така што можеме да кажеме дека постигнавме солиден успех.

Прв турнир на кој настапивме беше „Гази Баба Купот“, додека вториот посилен тест за оваа генерација беше меѓународниот турнир „Кул Куп 2019“ на кој дојде до израз и квалитетот на оваа надежна генерација. На „Кул Купот“ го освоивме сребрениот медал, откако во големото финале бевме минимално поразени од српскиот тим на Ника. Претходно во групната фаза бевме одлични, на три одиграни натпревари имавме исто толку победи, додека на целокупниот турнир примивме само пет голови. Во конкуренција на 16 екипи, генерацијата 2010  на Кул стигна до втората позиција.

Ова се постигнатите резултати во рамките на групата: 

1 коло: Кул – Талент Битола  2:1

2 коло: Кул – Тиквеш Кавадарци  7:2

3 коло: Кул – Мондано  7:0

Игравме одлично и во елиминациската фаза, а на дуелот со Ника гледавме вистинско финале: 

1/4 финале: Кул – Работнички  5:0

1/2 финале: Кул – Јанг Тим-Струга  1:0

ФИНАЛЕ: Кул – Ника Србија  1:2

Во октомври 2019 година со истава генерација земавме учество на турнир во Благоевград ( Бугарија). Во Скопје се вративме со златен медал, откако во финалниот дуел го победивме домаќинот на турнирот, екипата на Орлетата, која беше учесник и на нашиот турнир. Одлично организиран турнир, со гостопримливи домаќини, а нашите момчиња на крајот се радуваа на првото место.

Успешната година ја заокруживме со учество на нов турнир, кој е во организација на фудбалската школа Мондано. На истиот одигравме два натпревари, освојувајќи го златниот медал, после триумфот во финалето против домаќинот на турнирот.

Штета што не продолжи сезоната во детската лига, не очекуваа уште многу натпревари и возбудувања во ова натпреварување, кое беше прекинато на стартот од пролетниот дел.