Ретроспектива на сезоната 2019/20 за генерација 2009 на ФК Кул, нашите млади надежи освоија два златни медали од настапите на турнирите

Два златни и еден сребрен медал за момчињата од генерација 2010 во сезоната 2019/20
07/15/2020
Генерацијата 2012 на ФК Кул ја одигра својата дебитантска сезона во лигата и зема учество на еден турнир
07/16/2020

Ретроспектива на сезоната 2019/20 за генерација 2009 на ФК Кул, нашите млади надежи освоија два златни медали од настапите на турнирите

Во следниот текст ќе направиме ретроспектива на сезоната 2019/20 за генерацијата 2009 на ФК Кул.

Во детската лига се натпреварувавме со три екипи, прв пат со женски тим. Постигнавме солидни резултати, а задоволство беше да се гледа женската екипа, која се надигруваше со противниците во лигата.

Силниот меѓународен турнир „Кул Куп“ беше првиот тест за оваа генерација во новата сезона. Во конкуренција на 17 силни екипи, нашата генерација успеа да се пласира во осумте најдобри на турнирот кој го организира нашиот клуб. Стигнавме до 1/4 финалето каде бевме поразени од екипата на Скупи. Претходно во групната фаза одигравме три натпревари, на кои остваривме две победи и еден пораз.

Ова се постигнатите резултати во рамките на групната фаза:

1 коло: Кул – Орлетата ( Бугарија)  2:3

2 коло: Кул – Биџо  6:1

3 коло: Кул – Тефејуз  8:1

Во 1/4 финалето за противник го имавме тимот на Скупи, кој не совлада со резултат 3:1.

Втор турнир на кој настапивме беше по покана на фудбалската школа Мондано, земавме учество на предновогодишниот турнир „Мондано Куп“. Во конкуренција на четири екипи, успеавме да излеземе како победници и на крајот да се закитиме со златниот медал.

Во полуфиналето бевме подобри од екипата на Њу Старс, со конечен резултат од 2:0. Петар Симоновски и Стефан Илиев беа играчите кои донесоа пласман во финалето, а таму не чекаше екипата на Македонија Ѓ.П. Подобри бевме на теренот и забележавме победа изразена со резултат 3:2. Противничката мрежа ја погодија Стефан Илиев, Петар Симоновски и Милан Пајовиќ.

Последниот турнир во 2019 година беше оној во организација на спортското радио 90.3. Тука нашите млади надежи успеаа да го освојат првото место, совладувајќи го во големото финале, тимот на Вардар.

Најпрво во полу-финалето, момците на Кул излегоа како победници во дуелот со екипата на Хет-Трик. На овој меч славевме триумф со резултат 2:1, со двата гола на Петар Симоновски. Во големото финале за противник ја имавме екипата на Вардар, од која бевме подобри со резултат 3:1. Три различни играчи се запишаа во листата на стрелци во финалето, тоа беа Петар Симоновски, Петар Крчаноски и Јован Гиевски.

 

Во пролетниот дел од сезоната, колку што ни дозволи ситуацијата, одигравме само четири натпревари во рамките на детската лига и сите завршија во наша корист. Ги имаме резултатите и од овие натпревари:

Кул – Њу Старс  8:1

Кул – Бутел  12:1

Кул – Албарса  8:0

Кул – Спорт Ефе  12:0