(ФОТО) Само еден гол го реши победникот, ФК Кул минимално поразен од ФК Прилеп Тони, на пријателски натпревар

(Фотогалерија) Победа за генерација 2009 на вториот контролен дуел
07/19/2020
(Фотогалерија) Помладите пионери одржаа тренинг на теренот на Цементарница
07/19/2020

(ФОТО) Само еден гол го реши победникот, ФК Кул минимално поразен од ФК Прилеп Тони, на пријателски натпревар

Утрово со генерацијата 2009 одигравме контролен натпревар во Прилеп, против екипата на ФК Прилеп Тони.

Гледавме извонреден натпревар, на кој победникот беше решен со само еден гол, кој го постигна екипата од Прилеп. И двете екипи имаа свои шанси, но видовме само еден погодок. Се играа три полувремиња по 20 минути, а конечниот резултат гласеше 1:0 во корист на тимот од Прилеп.

Погодокот беше постигнат во вториот дел од мечот, додека ние имавме неколку добри прилики на овој пријателски меч. Во шанси за голови се најдоа Марко Стојановски, потоа Меланија Грозданова во две прилики, како и Јован Гиевски и Петар Симоновски, кои имаа можност да донесат израмнување, но противничкиот голман одлично реагираше.

Видовме цврст натпревар, можеби не стигна малку заморот од вчерашниот меч одигран во Охрид, но и денес покажавме задоволително ниво на игра и можеме да бидеме задоволни од прикажаната игра.

На крајот сакаме да упатиме голема благодарност до домаќините од Охрид и Прилеп, за гостопримливоста и за пречекот кој ни го приредија. Се надеваме во иднина на многу вакви собири и спортски настани, дружба со децата од различни екипи, бидејќи само така се стекнуваат пријателства за подолг период. Ги покануваме Ла Масиа и Прилеп да бидат наши гости со нивните генерации и повторно да одиграме квалитетни натпревари