(Фотогалерија) Одличен натпревар за нашите млади надежи против ФК Прилеп Тони, актуелен Шампион на Македонија, кај генерација 2009

(Фотогалерија) Помладите пионери одржаа тренинг на теренот на Цементарница
07/19/2020
Во сите 12 младински фудбалски лиги, пионерите на Кул ја имаа најдобрата одбрана
07/21/2020

(Фотогалерија) Одличен натпревар за нашите млади надежи против ФК Прилеп Тони, актуелен Шампион на Македонија, кај генерација 2009

Изминатиов викенд со генерацијата 2009 одигравме контролни натпревари во Охрид и Прилеп. Во текот на вчерашниот ден имавме можност да се сретнеме со екипата која го држи приматот, Шампиони на Македонија во генерацијата 2009, се работи за ФК Прилеп-Тони.Истиов тим успеа да ја освои детската лига во сезоната 2018/19, додека исто така победи и на 5.издание на меѓународниот „Кул Куп 2019“ во оваа возрасна категорија. Зад оваа фудбалска школа стои поранешниот играч на ФК Победа Тони Наумовски.

Контролниот натпревар со прилепската екипа заврши во нивна корист, минимално со резултат 1:0. Одигравме до крај пожртвувано, имавме и ние свои шанси за погодок, доколку имавме и малку среќа на крајот можеби резултатот ќе беше поинаков. Сепак, сме задоволни, што после подолг период имавме можност, најпрво да започнеме со тренинзи, а потоа и да одиграме неколку контролни мечеви. Тестот против ФК Прилеп Тони, беше вкупно трет за оваа генерација на ФК Кул, откако претходно триумфиравме на дуелите против Скупи и Ла Масиа.

Во продолжение можете да погледнете фотографии од пријателскиот натпревар меѓу Кул и Прилеп, кај генерација 2009.