Во сите 12 младински фудбалски лиги, пионерите на Кул ја имаа најдобрата одбрана

(Фотогалерија) Одличен натпревар за нашите млади надежи против ФК Прилеп Тони, актуелен Шампион на Македонија, кај генерација 2009
07/20/2020
Нови квалитетни контролни мечеви за ФК Кул, викендов играме против екипата на Брегалница
07/23/2020

Во сите 12 младински фудбалски лиги, пионерите на Кул ја имаа најдобрата одбрана

Додека очекуваме да се случи официјална промоција за влез на младинските екипи на Кул во рамките на втората лига, можеме да се пофалиме дека една наша генерација ја имаше најдобрата одбрана во сезоната која не го дочека својот крај.

Се работи за генерацијата 2003 на Кул, кои за прв пат играа во рамките на третата пионерска лига. Во истата го освоија првото место, откако на 16 одиграни натпревари имаа исто толку победи и со максимален број на освоени бодови го држеа врвот во лигата.

Оваа генерација успеа да направи голем подвиг, примија само 4 погодоци на 16 натпревари, податок што ги прави да бидат најдобри во сите младински фудбалски лиги за сезоната 2019/20.

Од сите екипи кои земаа учество во првата, втората и третата помлада пионерска, потоа пионерска, кадетска и младинска лига, пионерите на Кул ја имаа најдобрата одбрана.