Нови квалитетни контролни мечеви за ФК Кул, викендов играме против екипата на Брегалница

Во сите 12 младински фудбалски лиги, пионерите на Кул ја имаа најдобрата одбрана
07/21/2020
Александар Богданоски со одлични бројки во изминатава сезона, прв стрелец за генерација 2005 и втор во генерација 2004
07/23/2020

Нови квалитетни контролни мечеви за ФК Кул, викендов играме против екипата на Брегалница

Нови квалитетни контроли за младинските екипи на ФК Кул. За претстојниов викенд се закажани пријателски натпревари со екипата на Брегалница од Штип.

Активни ќе бидеме со генерациите 2003, 2004, 2005 и 2006, кои ќе одиграат контролни дуели против соодветените генерации на Брегалница.

Најпрво во сабота на теренот на Локомотива, ќе ја угостиме екипата на Брегалница, со генерациите 2005 и 2006, додека во недела ќе патуваме во Штип, каде ќе имаме дуели со генерациите  2003 и 2004.

Распоред и термини на одигрување натпревари со екипата на Брегалница:

ФК Кул ( 2006) – ФК Брегалница (2006) ( сабота, со почеток од 09:00 часот)

ФК Кул ( 2005) – ФК Брегалница (2005) ( сабота, со почеток од 10:30 часот)

ФК Кул (2004) – ФК Брегалница (2004) ) (недела, со почеток од 09:00 часот)

ФК Кул (2003) – ФК Брегалница (2003) ( недела, со почеток од 10:30 часот)