Александар Богданоски со одлични бројки во изминатава сезона, прв стрелец за генерација 2005 и втор во генерација 2004

Нови квалитетни контролни мечеви за ФК Кул, викендов играме против екипата на Брегалница
07/23/2020
Откажани се контролните натпревари со екипата на Брегалница
07/24/2020

Александар Богданоски со одлични бројки во изминатава сезона, прв стрелец за генерација 2005 и втор во генерација 2004

Изминатава сезона не го дочека својот крај, но ние продолжуваме да ги вадиме најинтересните вести поврзани со сезоната 2019/20.

Александар Богданоски кој настапува за генерацијата 2005, може да се пофали дека минатава сезона се запишуваше во листата на стрелци за две екипи. Има уште неколку играчи на кои ова им успеа, но Богданоски доминира со оглед дека беше прв најдобар стрелец во генерацијата 2005, која се натпреваруваше во регионалната-скопска лига за повозрасните петлиња и втор најдобар голгетер за генерација 2004, која дебитираше и освои прво место во третата лига на помладите пионери.

Претходно изнесовме дека Богданоски беше и трет најдобар стрелец во лигата. Инаку овој играч имаше запишано вкупно 21 гол во изминатава сезона. Како најдобар стрелец заврши во генерацијата 2005 со 15 постигнати голови, додека 6 погодоци имаше и за генерацијата 2004, бројка која го смести на второто место на најдобрите стрелци кај помладите пионери.