Генерациите 2003 и 2004 на ФК Кул одиграа меѓусебна „контролка“, која заврши со резултатска симетрија

Андреј Николовски: Кул е еден од ретките клубови во нашата држава кој е одлично организиран, имам голема желба да станам успешен фудбалер
07/25/2020
Јован Митревски: Со мојот тим го дадовме максимумот на секој натпревар и заслужено завршивме на првото место во лигата
07/27/2020

Генерациите 2003 и 2004 на ФК Кул одиграа меѓусебна „контролка“, која заврши со резултатска симетрија

Вчера, недела  попладне,  на теренот на Цементарница, меѓусебен контролен натпревар одиграа генерациите 2003 и 2004  на Фудбалскиот клуб  Кул.

Дуелот кој имаше две  полувремиња по 30 минути,  односно се одигра еден час активен фудбал на крајот заврши со резултатска симетрија. Конечниот исход од оваа „контролка“ која донесе доста борба и фудбалско надигрување беше  2:2.

На овој натпревар за  генерацијата 2003 година  погодија двајца момци, станува збор за  Леонид Стојчевски и Никола Николов. Кај една година помалите фудбалери на нашиот ФК Кул, односно за генерација  2004  двата гола исто така беа дело на различни момци. Стрелци на головите  за овој тим беа Рамадан Кадриовски и Бодан Тодоровски.