Минатата година, повозрасните петлиња на Кул високо го победија Вардар, таа сезона бевме рамноправни противници на Работнички и Шкендија

Максим Бундалески: Во новата сезона сакаме да се избориме за пласман во најдобрата супер лига, а понатаму и да го донесеме Кул до врвот на Македонскиот фудбал
08/01/2020
(ВИДЕО) Потсетување, како за само две минути, помладите петлиња на ФК Кул го елиминираа Пелистер од националниот Куп
08/06/2020

Минатата година, повозрасните петлиња на Кул високо го победија Вардар, таа сезона бевме рамноправни противници на Работнички и Шкендија

Продолжуваме преку нашиот бев сајт да се потсетуваме на добрите моменти, но и на најголемите победи кои ги има остварено нашиот фудбалски клуб. Еден таков висок триумф беше над голем противник, во натпреварувачката сезона 2018/19, повозрасните петлиња на Кул во рамките на претпоследното коло од регионалната-скопска лига, убедливо го победија тимот на Вардар, кој во таа сезона стана освојувач на националниот Куп.

Убаво е да се потсетиме на тој натпревар, кој нашите млади надежи го добија во своја корист, но многу убедливо, со резултат 5:0. Уште на полувреме нашите млади надежи се стекнаа со високо водство, кога резултатот гласеше 3:0. Матеј Јордановски беше играчот кој во 10.минута ни донесе предност, додека со два последователни голови на Марко Ристов на полувреме имавме предност од 3:0.

Игравме одлично и во вториот дел, кога постигнавме уште два гола во мрежата на Вардар. Во листата на стрелци се запишаа уште и Виктор Зафироски и Виктор Боневски, за конечни 5:0 на овој натпревар, кој се одигра на теренот на Цементарница.

На овој дуел настапивме со следниве 11-сетмина: Закоски, Тричковски, Зафироски, Тренкоски, Митревски, Марков, Ристов, Стајковски (К), Боневски, Јордановски и Јанкулоски.

Во игра влегоа уште: Крстевски, Ристовски, Гаврилоски, Стаменковски и Бачоски.

Таа сезона, во која Работнички стана Шампион на Македонија, нашиот тим заврши на шесттото место во лигата. Токму на овој противник успеавме во првото коло да му откинеме бод и тоа на противнички терен, кога мечот заврши со нерешен резултат 1:1. Иако имавме предност со голот на Шутаров, сепак Работнички во вториот дел дојде до израмнување и бод од овој меч. Имавме добар натпревар против оваа екипа и на теренот на Цементарница, кога загубивме минимално (0:1), исто како и против екипата на Шкендија, која финишираше на втората позиција.

Оваа генерација на Кул ( 2004) покажа дека е зрела и квалитетна за големи достигнувања. Следната сезона како помлади пионери стартувавме од третата лига, во која успеавме да го освоиме првото место и да обезбедиме пласман во втората по квалитет лига.