(ВИДЕО) Потсетување, како за само две минути, помладите петлиња на ФК Кул го елиминираа Пелистер од националниот Куп

Минатата година, повозрасните петлиња на Кул високо го победија Вардар, таа сезона бевме рамноправни противници на Работнички и Шкендија
08/05/2020
ФК Кул минатата година настапи на низа квалитетни турнири, еден од нив беше „Турнирот на Пријателство“ на кој генерација 2011 освои бронза
08/06/2020

(ВИДЕО) Потсетување, како за само две минути, помладите петлиња на ФК Кул го елиминираа Пелистер од националниот Куп

Денес ќе се потсетиме на уште еден интересен натпревар за нашиот фудбалски клуб. Се работи за дуел од 1/8 финалето на Купот на Македонија, кој го одиграа помладите петлиња на Кул, против екипата на Пелистер.

Патникот во следната рунда беше решен само после одигрување на еден дуел, а истиот се одигра на теренот на Цементарница, на кој славеа нашите млади надежи со резултатски пресврт.

Битолчани имаа активен резултат од 0:1, се до 76 минута од дуелот, кога нашиот тим успеа за само две минути да направи целосен резултатски пресврт и да го елиминира противникот.

Всушност се играа последните четири минути од овој натпревар, кога Кул најпрво од белата точка со голот на Тео Давковски израмни на 1:1, откако претходно играч на Пелистер играше со рака, за во 78 минута, со авто гол, на противнички играч, да поведеме и со 2:1, што беше и конечен резултат на овој интересен натпревар. На вториот гол претходеше нафрлена топка и центар шут од левата страна на Трпевски, топката одеше во противничкиот шеснаесетник, таму еден гостински играч со желба да ја исфрли топката, ја смести во својот гол, а во дуел беше со нашиот Стефановски.

На тој меч бевме предводени од Ѓорѓија Нешовски кој се одлучи за следниве 11-сетмина: Хаџиќ, Лазовски, Цветков, Давковски (К), Михов, Мицевски, Михајловски, Стојановски, Давитов, Трпевски и Бошнаков.

Шанса за игра од клупата добија и Стефановски, Јовевски и Костовски.

На споменатиот натпревар настапивме и со неколку играчи кои се генерација 2007, што добива и на тежина овој пласман во осумте најдобри екипи во сезоната 2019/20, за помладите петлиња на Кул.

Головите од натпреварот можете да ги погледнете на следново видео.