ФК Кул минатата година настапи на низа квалитетни турнири, еден од нив беше „Турнирот на Пријателство“ на кој генерација 2011 освои бронза

(ВИДЕО) Потсетување, како за само две минути, помладите петлиња на ФК Кул го елиминираа Пелистер од националниот Куп
08/06/2020
Највисоките победи за младинските екипи на ФК Кул во изминатата сезона, како и стрелците на головите
08/07/2020

ФК Кул минатата година настапи на низа квалитетни турнири, еден од нив беше „Турнирот на Пријателство“ на кој генерација 2011 освои бронза

Минатата година настапивме на уште еден, во низата силни меѓународни турнири надвор од земјава.

Со генерацијата 2011 успеавме да освоиме бронзен медал на 8.издание на „Турнирот на Пријателство 2019“ кој се одржа во Војводина. На истиот учество земаа 73 екипи, а на теренот се појавија повеќе од 1.000 млади играчи од Балканот.

Се натпреваруваа екипи во шест различни возрасни категории од три земји, Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

Како што напоменавме нашите млади надежи од генерацијата 2011 го освоија одличното трето место на овој силен турнир. Освојувач на златниот медал беше екипата на Партизан од Белград, додека второто место го освои екипата на Меридиана од Нови Сад, а на третото место се најде нашиот Кул.

Дека се работеше за квалитетен турнир, говори фактот, дека Партизан го освои првото место и во генерацијата 2009, додека кај генерацијата 2010 на врвот се најде екипата на Црвена Звезда, додека во категоријата на момчиња родени 2007 година, златен медал освои екипата на Војводина.

Традицијата на турнирот се очекува да продолжи и оваа година, откако организаторот најави дека истиот ќе се одржи во периодот од 20-21.септември, секако во зависност од тоа како ќе се одвива пандемијата со корона вирусот.

Ние како клуб ги подржуваме сите вакви спортски настани, каде учествуваат екипи од различни земји и во иднина ќе настојуваме да бидеме дел од истите.