Највисоките победи за младинските екипи на ФК Кул во изминатата сезона, како и стрелците на головите

ФК Кул минатата година настапи на низа квалитетни турнири, еден од нив беше „Турнирот на Пријателство“ на кој генерација 2011 освои бронза
08/06/2020
(Фотогалерија) Тренинг на генерација 2007 под водство на Ѓорѓија Нешовски
08/08/2020

Највисоките победи за младинските екипи на ФК Кул во изминатата сезона, како и стрелците на головите

Во следниов текст ќе ги изнесеме највисоките победи и стрелците на головите за младинските екипи на ФК Кул, кои се натпреваруваа во лигата, во натпреварувачката сезона 2019/20.

Генерацијата 2003 или пионерите, највисокиот триумф во изминатата сезона го имаа уште на стартот од лигата, кога на теренот на Цементарница во рамките на првото коло убедливо ја совладаа екипата на Плачковица. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 10:0. Ги имаме и стрелците од овој натпревар, на кој по два пати противничката мрежа ја погодија Бојан Тренкоски, Андреј Стојаноски, Дамјан Бачоски и Лука Закоски. Во листата на стрелци се запишаа уште и Јован Митревски и Марио Гаврилоски.

Втората најголема победа на оваа генерација во сезоната која не финишираше, беше во 11.коло, кога исто така на домашен терен го победивме тимот на Каменица Саса, со конечен резултат 8:0. Стефан Здравески и Леонид Стојчевски беа играчите кои постигнаа по два гола, додека по еднаш погодија и Стефан Јованоски, Томи Станковски, Драган Тренкоски и Лука Алексоски.

Две високи победи во изминатава сезона имаа и помладите пионери, или генерацијата 2004. Најголемата победа, исто така, беше во првото коло против екипата на Плачковица. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 10:1, а хет-трик постигнаа Борјан Наков, Александар Богданоски и Борјан Иванов, додека еден гол беше дело на Максим Бундалески.

Во рамките на 8.коло, помладите пионери на домашен терен остварија уште една победа, изразена со голема разлика. На мечот против Питу Гули, нашите надежи триумфираа со резултат 8:0. Мартин Ацевски, Мартин Мишовски и Лука Закоски постигнаа по два гола, а во мрежата на гостите ја погодија и Антонио Стојановски и Стефан Ивановски.

Генерацијата 2005 која беше дел од регионалната-скопска лига имаше неколку убедливи победи, од кои најголемата беше остварена во рамките на 3.коло. На теренот на Цементарница, во дуел со екипата на Сарај, нашите момци победија со високи 18:1. Најдобриот стрелец на оваа генерација, Александар Богданоски беше најефикасен на натпреварот, постигнувајќи 5 голови, додека хет-трик постигнаа, Мартин Ацески и Даниел Васиќ, два гола беа дело на Даниел Васиќ, Филип Радевски и Стефан Петрушевски, во листата на стрелци се запишаа и Лука Мутовиќ.

Дуелот против Грозданоски, во рамките на петтото коло беше најголемата победа изминатава сезона за оваа генерација на Кул. Мечот против овој тим заврши со резултат 9:0. На тој дуел со ефикасноста се истакна Стефан Петрушевски кој постигна 4 голови, додека по еден гол беа дело на Матеј Цветановски, Александар Богданоски, Петар Станковски и Максим Бундалески.

Остана да ја одбележиме уште и најголемата победа на генерацијата 2006, или помладите петлиња. Истата се случи во рамките на 7.коло кога на теренот на Цементарница високо го поразивме тимот на Скопје, со резултат 4:0. Четири различни играчи се запишаа во листата на стрелци, се работи за Тео Давковски, Олег Михајловски, Јован Бошнаков и Стефан Душкоски.