Покрај освоениот Куп трофеј, Кул го имаше и најдобриот стрелец во ова натпреварување, Богданоски и Наков беа во ТОП-5

Три наши генерации во четврток ќе одиграат пријателски мечеви со екипата на ФК Куманово
08/12/2020
(Фотогалерија) Голгетерски пријателски меч заврши без победник, генерациите 2011 на ФК Кул и Куманово одиграа со нерешен резултат
08/14/2020

Покрај освоениот Куп трофеј, Кул го имаше и најдобриот стрелец во ова натпреварување, Богданоски и Наков беа во ТОП-5

Во натпреварувачката сезона, 2018/19, фудбалскиот клуб Кул испиша историја, со освојување на првиот национален куп.

Овој подвиг им успеа на генерацијата 2005, кои успеаа во големото финале да го победат тимот на Вардар и на тој начин да се закитат со златниот медал.

Податок кој го немавме претходно изнесено на нашиот веб сајт, е тоа што таа сезона во Купот за помлади петлиња, го имавме и најдобриот стрелец кој доаѓаше од нашите редови.

Се работи за Александар Богданоски, кој успеа да заврши на врвот на листата на најдобри стрелци во Купот на Македонија, заедно со играчот на Постолов Пандев. Во ТОП-5 се најде уште еден наш играч, се работи за Борјан Наков кој постигна 4 голови во ова натпреварување.

Нашите млади надежи стигнаа до финалето, претходно елиминирајќи ги екипите на Пелистер, Академија Пандев и Постолов Пандев од Штип. Вклучувајќи го и финалниот дуел против Вардар, екипата на Кул успеа да постигне вкупно 16 голови.

Вака изгледаше ТОП-5 листата на најдобри стрелци во Купот за помлади петлиња:

1. Александар Богданоски – 5  голови( КУЛ)

2. Филип Миташев -5 ( Постолов Пандев)

3. Марио Аџијев – 4 ( Постолов Пандев)

4. Никола Величковски – 4 ( Вардар)

5. Борјан Наков – 4 ( КУЛ)

6. Филип Јовановски – 4 ( Вардар)